
Жива баклава

Состојки :
- 1 голема ( блага ) јаболка
- 15 свежи урми
- 50 гр ореви
- Каранфилче како зачин
Најпрво излупете ги урмите, извадете ги семките и ставете ги заедно со оревите во Magimix процесорот за храна, додека да добијат хомогена струкутра.
Јаболката се сече на тенки паралелни листови, а потоа се лупи лушпата од истите.
Во чинија најпрво ќе ставите тенко парче јаболко, па потоа ќе ставите малку од смесата, па ќе повторувате постапката сè додека не наредите 5-6 парчиња јаболко, на крај декорирате со половина орев и поросувате со малку мед и мелено каранфилче.











