Some like it raw

Со сурова храна до перфектен изглед

Објавено во Искуства.

 

 

Здраво љубители на нешто најздраво, највкусно, најдобро... – СУРОВА ХРАНА. Храна која изобилува со витамини, минерали и сите потребни ензими и протеини за здрав и современ начин на живот. Живот во кој Вие ќе бидете среќни, здрави, ќе живеете без болести и ќе бидете горди на вашиот изглед.

Накратко ќе ви го раскaжам мојот живот пред и после консумирањето на суровата храна.

Јас се викам Веле Митев и имам 17 години. Пред само 1 година јас имав 98 килограми тежина, мојот животен стил беше далеку од здрав. Јадев најчесто терцијално обработена храна, зачинета храна, полна со маснотии, рафинирано масло, полна со емулгатори, конзерванси ... буквално се што е вакумирано и се наоѓа на рафтовите во маркетите. Бев мрзелив, депресивен и немав желба за ништо. Не одев никаде, не спортував, не излегував ... не знам дали сето тоа не сум го правел затоа што сум се срамел заради мојот изглед или затоа што едноставно сум немал енергија да спотувам и покрај тоа што по цел ден јадев. Кулминација на сето тоа беше точно пред една година кога отидов да купувам гардероба. Пробај едни панталони – не влегуваат, пробај други – неуспешно. Тогаш се запрашав зошто томку мене ми се случува ова? Не можам ли јас да променам нешто во мојот живот? Да живеам здрав живот, а не секојдневно да ги посетувам сендвичарите, да јадам хамбургери и пијам кока кола.
И си поставив цел. Си реков – ќе бидам упорен и ќе успеам. И така започна се. Почнав да истражувам за суровата храна. Најпрво исфрлив секакви пакувани пијалаци и почнав да пијам само вода. И постепено ги отфрлував и другите нездрави намирници. Никогаш нема да постигнете било какви резултати ако си поставите цели и решите од утре да бидете 100% на сурова храна, ќе се откажете од нездравата храна. Тоа не е можно. Потребен е долг временски период за да нашето тело се навикне на новиот начин на живеење, затоа сторете го тоа постепено. На пример, најпрво исфрлете го тоа без коешто мислите дека ќе можете понатаму.

Денес, не дека внесувам 100% сурова храна, едноставно понекогаш не можам да им одолеам на слатките намирници и брзата храна која јас ја нарекувам “бавен убиец“. Меѓутоа после изеден нездрав оброк, не треба да се разочарувате и обвинувате. Затоа што има решенија и за тоа. Може да пиете алги коишто ќе ве детоксицираат и ги отфрлат сите токсични супстанци од вашиот огранизам. Истото го прави и хималајсaкта сол.
Мојата исхрана моментално е некаде 75% сурова, што останатите 25% главно ги внесувам како  хранливи материи коишто ми се потребни за правилен раст и развиток.
Ќе ви дадам пример, како изгледа менито за еден мој вообичаен ден.


Наутро:
житарки со млеко од бадеми или smoothie од авокадо, банана, мандарини и урми кое ми е омилено.
Ручек: Супа од праз, аспарагус и херба, пред којашто секогаш јадам портокал.
Вечера: Каков било вид на овошје или салата.


Меѓу оброците обвезно имам некои ужинки како лешници, бадеми, суви смокви, ананас итн.
Јас сега јадам од богатата трпеза на природата, која изобилува со се што ми е потребно за да бидам здрав и енергичен тинејџер.