
Потребни состојки:
- 1-2 зрели авокада
- 100-150 мл Млеко од бадеми или лешници
- 10-15 урми (излупени и без семки)
- 2-4 мали лажици какао во прав
- 1-2 лажици мед (или по вкус)
- Семе од 1/2 ванила мешунка
Проверете колку се зрели авокадата со нежно притискање на надворешноста на авокадото. Ако не се познава местото каде што сте го притиснале, авокадото сè уште не е зрело и нема да има добар вкус. Ако се познава притиснатото место, тоа значи дека авокадото е зрело. Ако е многу меко, авокадото може да е со поминат рок и да не е добро, па во овој случај, пробајте го пред употреба.
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и Vitamix-от се вклучува на ON, потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, а потоа се вклучува на турбо брзина. Во текот на обработката, цело време со помош на TAMPER-от (долгата рачка), кој се става преку малиот отвор на капакот од садот, го потпомагате миксирањето се додека не добиете хомогена смеса со структура на пудинг. (ориентационо времетраењето е околу 40 секунди).
Потоа можете да го декорирате пудингот со банана исецкана во кругови или да изрендате малку црно чоколадо.
Уживајте во прекрасниот вкус на овој здрав и сладок рецепт. Авокадото ги задоволува дневните потреби на организмот од незаситени масни киселини и ефикасно придонесува за регулација на нивото на шеќер во крвта.
Пудингот може да се послужи веднаш, или да го чувате во фрижидер во следните 2-3 дена.





















