Зелен пудинг

Потребни состојки:

  • 4 зрели јапонски јаболки
  • 1 банана (излупена)
  • 10 листа блитва
  • 10-20 листа спанаќ

Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и Vitamix-от се вклучува на ON, потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, а потоа се вклучува на турбо брзина. Во текот на обработката, цело време со помош на TAMPER-от (долгата рачка), кој се става преку малиот отвор на капакот од садот, го потпомагате миксирањето сè додека не добиете хомогена смеса со структура на пудинг. (ориентационо времетраењето е околу 40 секунди).

Уживајте во прекрасниот вкус на овој здрав и сладок рецепт, на кој и децата не можат да му одолеат.

Пудингот може да се послужи веднаш, или да го чувате во фрижидер во следните 2-3 дена.