Мандарина-Банана-Авокадо

Потребни состојки:

  • 5 мандарини
  • 1 банана
  • 2 авокада (зрели)
  • 10-15 урми (излупени и без семки)
  • 1 лажица ленено семе

Проверете колку се зрели авокадата со нежно притискање на надворешноста на авокадото. Ако не се познава местото каде што сте го притиснале, авокадото сè уште не е зрело и нема да има добар вкус. Ако се познава притиснатото место, тоа значи дека авокадото е зрело. Ако е многу меко, авокадото може да е со поминат рок и да не е добро, па во овој случај, пробајте го пред употреба.

Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.

Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 10-15 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.

Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со хранливост.

Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L густ кремаст сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.