Спремен/на сум да го купам блендерот. Што треба да имам предвид?

Зголемената популарност на густите сокови од цели плодови, кремастите смеси, кашички и замрзнатите пијалоци и сладоледи го прават блендерот клучно и неопходно помагало во кујната. Додека цената претставува клучен фактор за неговото поседување, квалитетот, способноста и поддршката за корисниците на блендерот, се уште поважен фактор што треба да се има предвид. Многу производи за блендирање едноставно не можат практично да го изведат тоа што го ветуваат. Подложни се на расипување после само неколку месеци користење, тешки се за чистење и одржување, имаат недостиг од моќност или едноставно не ги задоволуваат вашите потреби.

Со повеќе од 70 години усовршување на уметноста и науката за блендирање, миксање и 50 останати кујнски процеси, ве покануваме да го разгледате нашиот едноставен водич за сериозни купувачи на блендер. Прелистајте ги следниве теми подолу или едноставно кликнете на насловот кој најмногу ве интересира:

 

Моќност

Моќноста е главна особина на секој електричен уред, но секако моќноста во комбинација со сиромашен дизајн и евтини компоненти нема да ви направат совршено процесирани густи сокови од цели плодови, кашести смеси, супи, сладоледи или замрзнати пијалоци. При побарувачката за моќен уред, споредете ги бројките, но исто така прегледајте го квалитетот на компонентите и ефикасноста на севкупниот дизајн.

Проверете: Имајте во предвид колкава МОЌНОСТ ви е потребна за изведувањето на операциите кои очекувате да ги спроведе вашиот блендер. Проверете колку сила и енергија се употребува за време на процесот. „Коњската сила (Horsepower НР)“ е одличен начин да ја измерите силата и потрошената енергија, но секако имајте во предвид дека употребените НР не е прецизен податок како и крајниот износ за потрошена енергија.
Многу блендери се претставуваат како „голем залак“ и ја потценуваат важноста од 3 НР мотори кои ги поседува Витамикс. Кај побарувачката во услужувањето на храна во некои ресторани, постојат ситуации каде професионални готвачи процесираат густи и „тапи“ смеси одеднаш истовремено, со што блендер со висока моќност на НР како Витамикс претставува мудар избор.
Од голема важност е да се нагласи дека некои блендери кои поседуваат мотор од 3 НР можат да ја приложат употребата на коњските сили, но не на толку прецизен начин како што го нуди крајниот износ на капацитет на Витамикс.
Употребени НР = Искористен износ на НР + потрошена моќност во форма на топлина.
Износ на НР = мерка на завршената работа (сила на вртење) - генерирана топлина.

Моќноста на блендерите Витамикс: Блендерите Витамикс имаат моќен мотор и листа на коњски сили по стапката на износ. Витамикс е верен кон перформансот на блендирањето, а нашата патентирана технологија ги става Витамикс производите на врвот од скалата за рангирање кога се во прашање моќноста и ефикасноста.
Севкупниот дизајн вклучувајќи ги острилата, садовите, моторот, лагерот и останатите елементи, ја прават опремата за блендирање на Витамикс вистински избор во споредба со останатите слични производи на пазарот. Исто така е важно да се нагласи дека комерцијалната опрема на Витамикс зазема важно место во гурманските локации, ланците од ресторани, баровите за подготовка на свежи сокови и кашести смеси, кафетерии и останати слични места ширум целиот свет. Доколку уживате во здрави густи сокови од цели плодови, мазна и кремаста супа, кремаста и „свилена“ смеса или прекрасно ледено кафе, тогаш шансите да го поседувате Витамикс блендерот ви се на дофат.

(Горе)

 

Подвижност/Функционалност

Додека некои блендери тврдат дека приготвуваат густи сокови од цели плодови и кашести смеси, повеќето од нив не нудат повеќе од тоа, затоа ајде сами да подготвиме пијалок кој е доволно кремаст за да ја задржи својата репутација. Имајте ги на ум сите функции кои сакате да ги изведете со вашиот блендер.

Проверете: Откријте го производот кој може да подготви густи, кремасти и кашести пијалоци, но притоа проверете дали ги остава остатоците од храната како недоволно преработени. Проверете што сè може да направи повеќе. Дали можете да направите бебешка кашичка? Дали можете да направите прекрасен сладолед од смрзнати плодови? Дали можете да подготвите супа? Дали можете со таквиот уред да смелете лешници, ореви или пак едноставно да приготвите путер од кикиритки? Дознајте дали производителот ви нуди недостаток од ризик при употребата на производот за да можете и сами да се уверите во перформансите на таквиот уред како што е опишан во рекламниот материјал.
Видете дали може уредот целосно да ја блендира суровата храна или може единствено само да подготви намази од шеќерни смеси, течности или некое доволно меко овошје како на пример она што е од конзерва. Доколку таквиот уред ве убедил во својата способност да процесира замрзнати сладоледи, уверете се дали е потребно да го стопирате средишниот дел од блендерот и да го исклучите рачно (што може да придонесе за загревање кое не годи кај замрзнатите смеси од производи кои сакате да ги приготвите, како и да го зголеми времето на блендирање).

Подвижностa и функционалноста на Витамикс блендерот: Блендерот Витамикс за домашна употреба ја завршува работата на 10 кујнски уреди истовремено и тоа без никакви додатоци. Машината Витамикс може ефикасно да се справи со повеќе од 50 „подвизи за храна“, вклучувајќи 4 уникатни процеси кои ниеден друг уред или помагало во кујната не може да ги изведе со толкава прецизност и ефикасност.
Можноста за промена на брзината на уредот Витамикс е ограничена на неколку копчиња програмирани за подесување, но буквално нуди неограничена способност за подесување и креативност во услови кога се во прашање вкусот и текстурата на крајниот производ.
Нема потреба да ги отсраните острилата на Витамикс со што чистењето на уредот е поедноставно и побрзо. Чистењето и миењето на Витамикс блендерот е повеќе од брзо и едноставно. За тоа ви се доволни една или две капки детергент за садови во веќе до половина наполнетиот сад со топла вода.
Со секоја Витамикс машина добивате уникатен тампер со кој можете да ги поттурнете свежите намирници или замрзнатата храна кон острилата додека уредот сè уште работи. Со ова го спречувате настанувањето на воздушни „перничиња“ кои можат лесно да се создадат во самата смеса и кои го спречуваат ефикасното процесирање на храната.

(Горе)

 

Поддршка на производ

Некои уреди се со помалку од една страница упатство за користење кои вообичаено имаат сиромашна содржина напишана на начин кој тешко може да се прочита. За разлика од нив, некои производи пак се со брошури со рецепти за храна, брошури за часови по готвење, онлајн подршка како и поддршка од веќе постоечки потрошувачи слични како вас.

Проверете: Разгледајте ги материјалите за поддршка кои се во состав на вашиот уред и каква поддршка е достапна откако веќе го имате купено таквиот блендер.

Витамикс поддршка на производ: Секој производ на Витамикс за домаќинство вклучува детална брошура со рецепти во која има вклучено над 300 гурмански рецепти и рецепти за здрава исхрана, водич за започнување со работа со самиот бледнер „Чекор по чекор“, ДВД со часови по готвење како и упатство за корисници. Како надополнување на сето ова, тука е и веб страната за сервисот на корисници на Витамикс, 7 дена во неделата на која имате прикажано телефонски броеви, како и онлајн поддршка за сите корисници на Витамикс.
Грижата за корисници зазема централно место во тимот за грижа на корисници на Витамикс. Секој член на тимот е претходен корисник кој секојдневно го употребува уредот и е во можност да комуницира со друг член и сопственик на уредот Витамикс.
Доколку е потребен сервис на вашата Витамикс машина, потребниот сервис се извршува во најблиското претставништво на Витамикс со што ја исклучува можноста од барање дополнителен сервис од некоја друга слична работилница која воопшто не е ни запознаена претходно со уредот Витамикс. Сервисот и останатите тестирања се извршуваат во рекордно време, за побрзо да го добиете и користите уредот во вашиот дом.
Како надополнување кон сето ова, на располагање ви стои страницата на Витамикс www.vitamix.mk која секојдневно се надполнува со нови рецепти, видео материјали како и помошни совети околу уредот Витамикс. Кон сето ова е вклучена и заедницата Витамикс од целиот свет, која вклучува потрошувачи на овој уред кои секојдневно ги разменуваат своите рецепти, совети, како и интересни видео материјали на кои се прикажани целосни рецепти и начини на готвење. Нашата заедница вбројува повеќе од 10000 членови а нивниот број се зголемува секој ден.

(Горе)

 

Квалитет и техничка структура на производот

Секоја земја има различни општо прифатени стандарди за производство кои варираат од високи и строги кон кревки и лабави стандарди за проценка на квалитет. Производите кои се создадени и произведени во САД се предмет на строги и ригорозни стандарди.

Проверете: Дознајте дали компанијата инвестира во истражување и развој на висок квалитет, во програми за квалитетна сигурност и тестирање на техничката структура на производот кој го нудат. Уверете се дали дизајнот на производот е оригинален, патентиран и докажан пред да утврдите дека е обична копија од некои претходно високо квалитетни слични производи. Проверете го местото на производство на уредот.

Квалитет и техничка структура на производот: Квалитетот и инженерингот за работа се број 1 во Витамикс. Сите Витамикс машини се произведени во фабриката во Кливленд, Охајо и приближно 80% од компонентите на уредот се произведени во места со радиус од 800 км или во најблиските претставништва на Витамикс во светот.
На секој Витамикс уред кој е произведен, му претходи развој, инженеринг како и тестирање на издржливост кој го гарантира квалитетот на производот. Витамикс соработува само со внимателно селектирани дистрибутери кои ги поседуваат истите стандарди кои ги поседува и Витамикс. И за крај, составот на прецизните острила, како и моторот се создадени од страна на тим составен од професионалци кој е обврзан за беспрекорниот квалитет на овој производ.
Машината Витамикс поседува мотор со две намотки кој е со моќност од 1380 вати, 2 целосни коњски сили и острила кои достигнуваат 37000 вртежи во минута без оптоварување на моторот. Моторот има вградена автоматска термичка заштита која го исклучува доколку случајно дојде до загревање, а сè со цел да се обезбеди заштита на моторот од преоптеретување.
Машината Витамикс има копчиња и потенциометар кои се пофункционални од некои електронски копчиња кои имаат поголема стапка на подложност кон расипување и останати дефекти.
Нер`ѓосувачките челични острила вклучуваат острила за дробење и мелење на храна кои лесно ја ситнат храната како и острила за сечење со чија помош храната се процесира на микроскопски видливи компоненти.
Острилата и осовината се направени од 18/8 нер`ѓосувачки челик, а самата машина содржи сет од лагери за дупла заштита запечатени со тефлонска заштита која го спречува протекувањето.
Витамикс поседува патент за своите садови, тамперот, вентилаторот за разладување, дизајнот на капакот и друго, а нуди и повеќе од 10 различни конфигурации за приклучок на електричната мрежа и различен напон според потребите за компатибилност и употреба во различни делови од светот.

(Горе)

 

Гаранција

Секој високо квалитетен блендер треба да поседува гаранција за квалитет. Цврста гаранција која ветува дека вашиот блендер ќе функционира од денот на купувањето на производот па сè до денот кога гаранцијата истекува. Наједноставните поправки можат да ве чинат многу доколку гаранцијата е ограничена на неколку делови од производот, на некои дефекти од производот или да трае ограничен период на време. Цврстата гаранција ги оправдува вашите потрошени средства за продуктот затоа што таа претставува клучен дел од севкупната вредност на производот.

Проверете: Откријте каде е произведена машината, колкав е гарантниот рок и дали гаранцијата е Ограничена или Целосна. Дали со гаранцијата се покриваат сите можни потенцијални дефекти, или се покриваат само дефектите на определени елементи како што е на пример моторот? Дали со гаранцијата на производот добивате и бесплатен сервис?

Гаранција Витамикс: Витамикс ви нуди водечко-индустриска гаранција за квалитет во речиси секој регион каде што самиот производ се продава. Витамикс на потрошувачите им нуди целосен 7 годишен период на гаранција на производот во кој се вклучени целосен сервис за поправка на производот како и двонасочна бесплатна испорака на производот до вашиот дом.
Витамикс исто така на своите потрошувачи им нуди можност да го продолжат периодот на времетраење на самата гаранција до 10 години со доплата од само 3000 денари, кој важи од денот кога е купен самиот производ и ја оправдува обврската на самата компанија која стои позади квалитетот на произодот и грижата за корисници.

(Горе)

 

Садови

Садовите на блендерите можат да бидат направени од пластика или стакло и можат да варираат во својот капацитет како и во точноста на ознаките за волуменот. Важна карактеристика на секој сад е да не капе и лесно да се ракува со него при истурање на содржината со блендираната храна.

Проверете: Кои се најдобри садови кога се во прашање нивната издржливост, лесниот начин на употреба и капацитетот? Пластичните садови можат да содржат ВРА а стаклото може да придонесе за поголема тежина на целосниот уред и може да се скрши додека некој прибор случајно е испуштен во садот додека тој сè уште работи. Доколку блендерот го потврдува поседувањето на ранг НСФ, не заборавајте дека се работи само за комерцијален ранг и тоа не значи дека садот е поквалитетен или потраен од било кој друг сличен производ за домашна употреба.

Садовите на Витамикс: Садовите на Витамикс за домашна употреба се направени од Eastman Tritan Copolyester кој е издржлив, некршлив, безбеден и не содржи Вisphenol А. Овие садови се првите помагала за кујна со ваква карактеристика на национално ниво, кое гарантира безбедност на храната обработена на било каква температура.
Садовите на Витамикс се означени од Лабараториите Underwriters со волумен 2L/64oz, кој е обележан на самите садови. Доколку садовите не се означени со 2L/64oz, тогаш тоа значи дека тие не се наменети за таков капацитет. Блендерот на Витамикс совршено ќе ја преработи храната, без разлика на тоа дали садот е делумно или целосно полн.

(Горе)

 

Безбедност

Производите кои се продаваат на потрошувачите за домашна употреба вообичаено треба да се запознаени со одобренијата како што се UL на Лабараториите Underwriters во САД. Електронските уреди исто така треба да бидат тестирани дали електричните компоненти содржат кабли кои ги допираат или пречекоруваат проценките на електричната струја која ја користат за нивното функционирање.
Вообичаено, производителите на некои електрични уреди ги надминуваат препорачаните стандарди за дизајнот на самиот производ и истовремено си дозволуваат да ве убедат дека:

1. потрошувачот секогаш ќе биде безбеден при употреба на уредот

па дури и

2. дека производот може да се заштити самиот себеси.

Проверете: Какви карактеристики за безбедност содржи самата машина за да ве заштити? Дали постојат карактеристики кои истовремено гарантираат и за безбедноста на самиот уред? Имајте предвид дека некои производители се обидуваат да ги намалат трошоците на тој начин што наместо квалитетни електрични кабли користат лабави и тенки кабли со кои само се зголемува ризикот од можни опекотини.

Витамикс безбедност: Витамикс употребува квалитетен електричен кабел специфициран до 105˚C со што ви гарантира стабилност и безгрижност во текот на работата. Со ваквата стабилност и безбедност, овој производ се одликува со највисок ранг во индустријата. Конекцијата меѓу контејнерот и моторот е дизајнирана на начин што овозможува да неколку „случајности“ во текот на употребата на апаратот, бидат безбедни како за корисникот така и за машината. На пример доколку корисникот случајно заборави прибор во садот додека машината работи, таа автоматски се исклучува и престанува да работи за да го заштити моторот, контејнерот и приборот од нивно оштетување, како и да го заштити корисникот од можни последици.
Витамикс поседува автоматска заштита од преоптеретување на производот. Доколку дојде до струјно преоптоварување, доволно е само да го ресетирате автоматскиот осигурувач, и потоа слободно продолжете со работа. Исто така, доколку дојде до презагревање на машината, таа автоматски се исклучува сè додека не се олади доволно за да ја продолжи веќе започнатата работа.
Моторот на Витамикс е конструиран на тој начин што е заштитен од обемно навлегување на вода.

(Горе)

 

Вредност на производот

Доколку производот не ги исполнува вашите очекувања (па дури и повеќе), немате потреба од негово купување.

Проверете: Доколку вашиот блендер ќе биде дел од вашите кујнски уреди, цената не е единствената работа која треба да ја имате во предвид. Вие исто така треба да ги разгледате сите можни опции и фунции кои машината може да ги изведе. Проверете дали останатите потрошувачи се задоволни од ваквиот производ, неговата кршливост, гаранција и долготрајниот перформанс, со други зборови, самата вредност на производот. Еден од ваквите начини е водичот за проценка на потрошувачи. Можете да проверите и некои сведоштва или искуства на блоговите и форумите за дискусија кои разменуваат информации на оваа тема за да се уверите што останатите потрошувачи мислат за производот кој го купиле. Имајте го предвид и трошокот на потрошени средства кој може да настане доколку купувате неквалитетен блендер повеќе пати, а особено размислете колку ќе заштедите доколку купите еден блендер кој ќе ги задоволи вашите потреби и ќе трае доживотно.

Вредноста на Витамикс: Многу сопственици на Витамикс блендерот го користат секојдневно повеќе од 25 години, што значи многу повеќе од 7 годишниот гарантен период кој производот го поседува. Нашиот производ останува да го користат и вашите следни генерации, што го прави Витамикс еден вид семејно богатство па дури и семејна традиција кога купуваат понов модел на Витамикс!
Исто така, имајте предвид дека блендерот Витамикс може истовремено да замени 10 кујнски помагала со што извршува повеќе од 50 операции и тоа едноставно, брзо и лесно.
А начинот на работа на Витамикс има доволна моќност да ја раскине клеточната структура на суровата храна, да ја раскине клеточната мембрана, со што ги ослободува скриените хранливи состојки од храната, притоа создавајќи одличен и непроценлив вкус. Како резултат на сето ова, со помош на Витамикс добивате три пати повеќе хранливи материи од вашата храна, споредено со нормално изџвакана храна.
Свежите природни вкусови кои се ослободуваат од храната со помош на Витамикс, се толку интензивни што дури можат да ја елиминираат потребата од дополнително додавање на сол или шеќер во вашите рецепти. Корисниците на Витамикс често пишуваат по пат на електронска пошта за нивните искуства колку самата Витамикс машина им помогнала во постигнувањето и одржувањето на нивното здравје, како и за придобивките од хранливите материи ослободени со помош на Витамикс.
Тие исто така сведочат како нашиот уред им помогнал во остварување на „мајсторски“ рецепти на храна со што заштедиле од дополнителен трошок за посетување на скапи ресторани.

(Горе)

 

Сервис за корисници

Не постои пофрустрирачко нешто од тоа да наидете на автоматски сервис за корисници кој не дава вистинско решение на вашите проблеми, или пак понекогаш доколку се случи да разговарате со вистинска личност, за кратко време дознавате дека таа личност никогаш не ја користела Витамикс машината и не ги разбира вашите прашања. Многу компании имаат склучено договор со нивните телефонски оператори преку пораки од трета страна и поседуваат сервиси за автоматски одговор или пак едноставно изнајмуваат вработени кои читаат скрипти напамет, а лично не се запознати со самиот производ.

Проверете: Пред да се одлучите да купите производ од ваков калибар, разгледајте што точно нуди сервисот за поддршка на корисници на производот што сте заинтересирани да го купите и проверете дали во текот на комуникацијата сервисерите се пријателски настроени кон вас. Вие можете дури и да се јавите кај нов и да поставите прашање за да се уверите во знаењето и информираноста на нивните претставници, и дури потоа да донесете одлука за купување на производот.

Сервисот за корисници на Витамикс: Нашите консултанти и сервисери поседуваат и употребуваат Витамикс машина. Тие навистина ги разбираат сите прашања кои ќе ги поставите во врска со производот, а исто така одлично ги познаваат и функционалностите на Витамикс. Нашиот љубезен персонал ќе ви помогне да одлучите кој производ е одличен за вас во зависност од вашата желба или потреба. Доколку живеете во близина, или пак сте со намера да се информирате во врска со овој производ со врвен квалитет, ве покануваме да го сторите тоа во нашите простории. Ве очекуваме да ви ја презентираме способноста на моќната Витамикс машина.

(Горе)

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

bmi_calculator