
Потребни состојки:
- 100 грама бадеми
- 10-15 урми (излупени и без семки)
- 1-2 големи лажици мед
Бадемите, претходно потопени во вода во времетраење од 24-48 часа, заедно со урмите и медот се ставаат во садот за влажна обработка и се дополнува со 1.8L вода.
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди, со што добивате вкусно, здраво и посно млеко за пиење или готвење.
Потоа содржината се процедува низ вреќичка за растително млеко или газа. Со тоа растителното млеко е готово.
Доколку бадемите ги излупите пред да ги ставите во садот за влажна обработка, тогаш растителното млеко можете да го конзумирате и без процедување низ газа.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 1.8L растително млеко, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата.





















