Совети за исхраната од нутриционистите на Vitamix
Ако и вие сте еден од оние што практикуваат или сакаат да практикуваат здрав животен стил, тогаш вашата одлука да бидете здрави и да живеете подобро, посреќно и подолго ви е приоритет. Да бидете здрави, можеби за вас значи и имате цел да изгубите килограми, да вежбате повеќе или да се храните правилно и да јадете повеќе свежо овошје и зеленчук. Што и да е вашата цел, за да полесно ја остварите, важно е да ја поседувате и користите вистинската опрема.
- Ако изберете да започнете со програма за вежбање, ќе ви биде потребен квалитетен пар на патики.
- Ако одлучите да изгубите килограми, треба да побарате помош од нутриционист или да се водите според веродостојна книга напишана од стручно лице.
- А ако вашето решение е да се храните правилно и да јадете повеќе свежо овошје и зеленчук, вам дефинитивно ќе ви биде потребен Vitamix.
- Ако не сте сигурни која здрава цел да ја изберете, имајте на ум дека внесувањето на повеќе свежо овошје и зеленчук во вашата исхрана честопати води и до други здрави навики и многу здравствени придобивки. На тој начин можете само да добиете повеќе, нема што да изгубите!
Денешната препорака за порција овошје и зеленчук е 2 ½ -6 ½ чаши на ден во зависност од тоа колку калории ви се потребни (1 чаша содржи 250ml). Тоа е стварно многу! На пример, ако ви се потребни 2000 калории на ден, ќе ви бидат потребни 4 ½ чаши на ден овошје и зеленчук, односно 2 чаши овошје и 2 ½ чаши зеленчук. Јадењето на толку многу овошје и зеленчук можеби ви се чини невозможно, но всушност не е доколку го поседувате Vitamix 5200. Еден брз и лесен начин да остварите половина од ова барање е да го започнете секое утро со „Зелениот сок„ направен со Vitamix.
Користејќи ја Vitamix машината во 2011 година можеби нема да ви помогне да ги постигнете сите ваши цели, но дефинитивно ќе ви помогне да тргнете во вистинската насока кон остварување на вашата цел.
Еве како може да го подготвите „Зелениот сок“ со Vitamix:
„Зелен сок“
Се добиваат: 3 ½ чаши (840 мл)
1 чаша (160 гр) зелено грозје
½ чаша (78 гр) ананас
2 чаши (60 гр) свеж спанаќ
½ зрела излупена банана
½ чаша (120 мл) вода
1 чаша (240 мл) коцки мраз
- Ставете ги сите состојки во Vitamix садот по наведениот редослед и прицврстете го капакот.
- Изберете менлива брзина 1.
- Вклучете ја машината и бргу зголемете ја брзината до менлива 10, па потоа вклучете на висока турбо брзина.
- Блендирајте 60 секунди или додека не се достигне саканата густина. Послужете и конзумирајте веднаш.
Уживајте во прекрасниот вкус исполнент со хранливост.







