Квалитетен издржлив контејнер од 2.0 л.
Контејнерот направен од Eastman Tritan™ кополиестер
е практично некршлив, хемиски отпорен и не содржи
бисфенол А. Овој проѕирен контејнер ви овозможува
да ја надгледувате обработката од почеток до крај.
Изгравиран е со растечка градација во милилитри
(до 2000мл), така што ќе можете лесно да ги мерите
состојките при спремањето.
Сечила од не’рѓосувачки челик
Цврстите сечила од не’рѓосувачки челик со површина
за мелење и сечење, се способни да ја раскинат
клеткината структура на храната и да го скршат ледот
внатре во контејнерот, а со тоа постојано да овозможат
беспрекорни резултати и прекрасен вкус.
Конструкцијата на основата на контејнерот
е изработена од метал (не гума или пластика)
за да овозможи максимална истрајност
и долгорочна употреба.
Тешка основа
Речиси е неуништива. Нема да избледи
или да стане кршлива. Тешката основа
е
направена од ABS пластика
отпорна
на оган.
Достапен во бела, црна
и црвена боја
со новото лого.
Уникатна рачка
за екстремно моќна обработка
Рачката ви овозможува да ги измиксирате
тешките, густи состојки кои другите блендери
ги доведува до застој. Отстранете го помошниот
капак за да ја користите безбедно додека
работи машината. Таа е специјално дизајнирана
така што не може да ги удри сечилата за време на обработката.
Патентиран капак со отвор
Помошниот капак направен од Eastman Tritan™
е обележен со скала до 60мл и овозможува
состојките да се додаваат додека трае обработката.
Новиот механизам за заклучување на капакот
овозможува сигурност на капакот додека работи уредот,
а секој да го извади со леснотија.
Мек еластичен држач
Дизајниран е за практична употреба,
удобност и контрола.
Ексклузивен дизајн на контејнерот од 2.0 л.
Создава моќен вртлог кој ги привлекува
состојките кон сечилата за да овозможи
постојана обработка.
Потенциометар со менлива брзина
Контролирањето на менливата брзина
и копчето за голема брзина ја поставуваат
брзината на сечилата од 18 до 386 км. на час
што овозможува широк спектар на задачи
за подготовка на храна.
Основа на моторот:
Моторот, произведен во Шведска, има
2 коњски сили, работи на 220 волти, 50 херци,
со моќност од 1200 вати. Со високи перформанси
и со непрекинато ладење, ги движи сечилата
за постигнување доследни резултати.
Автоматското исклучување обезбедува термичка
и струјна заштита на моторот. Со лагерско лежиште
и ниско триење, направен е да трае доживотно.
Квалитетниот, скриен и безбеден кабел
според потребите се протега од 48 см до 1.8м.
Основата е отпорна на абење.
Димензии на уредот:
(со поставен 2.0 л контејнер) Висина: 52 см.
Длабочина: 22.25 см.
Ширина: 18.5 см.
Тежина: 4.95 кг.







