
Ѕвезден зелен сок

Овој зелен сок го нарековме ѕвезден поради носечкото овошје кое го содржи.
Карамболата (Англ. Starfruit) има златно-жолта надворешност која крие крцкав сладок вкус кој е комбинација на оној од ананасот, јаболкото и кивите.
Ова звездено овошје освен што има интригантна надворешност, има и одличен нутритивен профил, плодот изобилува во витамин Ц, антиоксиданси, а од друга страна има низок процент на шеќери.
Кај нас во Македонија можете да го најдете во подобро снабдените супермаркети.
Потребни состојки:
- 2 карамболи
- 3 излупени јаболки
- 2 листа кељ
- 3 листа блитва
- 150 гр спанаќ
- 1 банана
- 1 протеин од коноп
- 10 урми или додадете засладувач според ваш вкус
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.
Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.
Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со xранливост.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.











