Some like it raw

  • Сирење од индиски ореви
  • Карамел прелив
  • Тарт со маринирани печурки и сос
  • Сарма
  • Жива баклава
  • Сирење од индиски ореви
  • Карамел прелив
  • Тарт со маринирани печурки и сос
  • Сарма
  • Жива баклава

Лепче со лук

Објавено во Предјадења.

Лепче со лук

 

Ова живо лепче е направено без житарки, не содржи глутен, а изгледа како вистинско лепче. За да го направите, ќе ви бидат потребни следниве состојки:

  • 260 гр пулпа од бадеми*
  • 1 зелена тиквичка
  • 30 гр лушпи од индиски тегавец (psyllium husk)
  • 1 чешне лук
  • 3 излупени урми
  • 30 гр ленено семе
  • 1/2 лажичка хималајска сол
  • 1/2 лажичка сода бикарбона

Комбинирајте ги сите состојки во блендер и обработувајте додека не добиете хомогена смеса. Од добиенатасмеса обликувајте 2 векни леб, 3 цм високи и 5 цм широки. Дехидрирајте 14 часа на 46° Ц во дехидратор.

Ако немате дехидратор можете да ги ставите во рерна на 50° Ц со подотворена вратичка.

Откога ќе бидат готови, чувајте ги фрижидер до 4 дена.

Одлична комбинација е со веганезот и сирењето од индиски ореви.

 

*Пулпата од бадемите ќе ја добиете  со цедење на бадемово млеко.

Print Friendly and PDF