Малина-Банана милк шејк со млеко од индиски ореви

Потребни состојки:

  • 1-2 замрзнати банани
  • 200-300 грама малини (може и замрзнати)
  • 10-15 урми (излупени и без семки)
  • 1-2 големи лажици мед
  • Ванила семе од половина мешунка
  • 1.4 литри свежо растително млеко од индиски ореви

100 грама непечени индиски ореви претходно потопени во вода 4 часа. Потоа се ставаат во садот за влажна обработка, се дополнува садот со 1.5 литри вода.

Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди. Потоа содржината се процедува низ вреќичка за растително млеко (или газа). Со тоа растителното млеко е готово. Доколку бадемите ги излупите, може да го користите растителното млеко и без процедување низ газа.

Растителното млеко може да се направи со бадеми (24 часа потопени), лешници (8-12 часа потопени), индискиореви (4 часа потопени) или микс од истите, а потоа процедурата е иста.

Потоа растителното млеко, заедно со замрзнатите банани, малините, урмите, медот и ванилата се ставаат во садот за влажна обработка. Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина.

Доволно е машината да работи 45-60 секунди со што добивате здрав и вкусен, посен милк шејк. Вистинско уживање.

Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 1.8 литри квалитетен и здрав милк шејк, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирниците и водата.