
Потребни состојки:
- 7-10 јагоди (претходно смрзнати на -18 до -24 степени)
- 1 банана (претходно смрзната на -18 до -24 степени)
- 150 - 200 мл. јогурт
- 20 капки стевиа (или малку мед)
Бананата е основата за сладолед бидејќи има густа структура, но вие можете да додадете какво било овошје место банана (праска, кајсија, круша, капина, малина и сл.)
Бананата се крши на половина и се додават заедно со јагодите и со другите состојки во садот за влажна обработка. Се пушта машината на ON, потоа брзо го вртите кружното копче од 1 до 10, па вклучувате на турбо брзина. Со помош на TAMPER (долгата рачка), кој се става преку малиот отвор на капакот од садот, го потпомагате миксирањето сè додека не добиете хомогена кремаста структура.
Сладоледот е готов кога ќе се формираат 4 идентични ритчиња (гледајќи одозгора).
Потоа можете да го декорирате сладоледот со јагода или со чоколаден пудинг од авокадо.
Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус на сладоледот, исполнет со вкус и хранливост.





















