Буцко, дебелко или дебел- наречете го како сакате, но дебелината кај децата е ГОЛЕМ проблем.

 

ШОКАНТНО! - Епидемија на дебелина кај децата

Стапката на дебелина кај децата трикратно се зголеми во последниве две декади. Калоричната, мрсна и солена исхрана кај aмериканските деца, во комбинација со сериозен недостаток од физичка активност, предизвика 25% од децата под 10 години да имаат висок холестерол, висок крвен притисок или некој друг причинител за срцево заболување.

Новиот извештај издаде сурово предупредување дека, доколку продолжи овој тренд, животот на децата ќе биде пократок од тој на нивните родители. Екстремното намалување на калориите не е препорачливо за децата, туку се препрачува балансирана исхрана со природна храна и намалено внесување масти.

Најголемиот предизвик е да се пронајде начин како да се направи нешто што ќе биде хранливо, а во исто време и доволно вкусно за да ја задоволи детската желба за слатки. Vitamix® машините го прават сето тоа - природни свежи пијалаци и смрзнати наслади, што вистински ќе ги привлечат децата. Најдобриот дел е што децата никогаш нема да погодат дека тие, исто така, имаат мала содржина на масти, а се богати со природна храна.

Јас сум подготвен/на да започнам да правам вкусни оброци, кои се добри за моето здравје со помош на Vitamix®! Започнете денес!

горе

 

Факти за дебелината:
Некои страшни статистики:
  • 25% од изедениот зеленчукот во САД се пржени компирчиња.
  • Во 1957 година, хамбургерот имал 210 калории, сега тој хамбургер е поголем - 618 калории.
  • Дебелината кај децата поттикнува дијабетес, висок крвен притисок, срцеви заболувања и мозочни удари.
  • Во 1969 година, 80% од децата спортувале секој ден, денеска тој број е намален на 20%.
  • До 17-та година, просечно дете потрошило повеќе време во гледање ТВ, отколку во одење на училиште.

горе

 

ГОЛЕМАТА вистина за дебелината кај децата

Училиштата се груби програми за спорт, рестораните нудат суперголеми порции, а децата ги заменуваат игрите со топка, со видеоигри и интернет. Не е чудо што цели петнаесет проценти од децата во САД се дебели!

Друг факт за дебелината е тоа што дебелите деца, дури и ако ослабат, веројатноста да бидат дебели и кога ќе станат возрасни, е голема.

Денес, колективниот проблем на САД со дебелината е поврзан со 300,000 смртни случаи секоја година, предизвикани од болести како дијабетес и срцево заболување. Вистината е, дека тоа е далеку од убава слика. Но, Vitamix® може да помогне. Малите промени можат да направат голема разлика. Едноставно заменете неколку висококалорични оброци кои ги јаде вашето семејство, со здрави оброци од природна храна направени во Vitamix® машината.

Природната храна е со најниска содржина масти, богата со растителни влакна, витамини и минерали, освен тоа, Vitamix® рецептите се лесни за подготвување, а во исто време се и вкусни. Направете им на вашите деца свежи овошни пијалаци и замрзнати слатки наслади и тие никогаш нема да погодат дека јадат нешто навистина здраво! Најдобриот дел е тоа што тоа не е диета... тоа е вкусно!

Јас сум подготвен/на да направам промена и да правам вкусни, здрави оброци за моето семејство. Ајде да започнеме да градиме поздраво семејство, токму сега.

горе

 

Подмолните грицки

Многу нови производи за грицкање и ужина, се пакувани само за децата. Тие се со светли бои и се „забавни“ за јадење. Тие се со тренди облици кои одговараат на филмските и ТВ-темите. Но, најлошиот дел е тоа што, тие всушност се промовираат како добар извор на витамини и минерали! Оф!!! Компаниите за грицки сега можат да додадат неколку здрави состојки - и веднаш! - брзата храна се маскира како здрава храна и родителите мислат дека купуваат нешто што е добро за нивните деца. Училиштата, исто така, ги складираат овие детски пакувања со лажна хранливост во автомати. Не е чудно тоа што децата не можат да разберат зошто не можат да ги закопчаат нивните каиши - родителите и учителите мислат дека овие грицки не само што се добри, туку се и одлични.

Влезете во реалноста. Пакуваната, преработена храна, може да има витамини и минерали кои се додадени во неа, НО, она што навистина го добивате, е мал процент од тоа што навистина ви треба. Навистина, кога продуктот има неограничен живот на полиците, колку може да биде добар за вас? Адитивите и конзервансите, во најголем дел ги заменија драгоцените хранливи состојки.

Суровата, природна храна, земена директно од Мајката Природа, е единствениот начин за детето навистина да ги добие потребните хранливи состојки. Но, ние само се залажуваме доколку мислиме дека нашите деца доброволно ќе јадат нешто што нема добар вкус.

Вклучете ја Vitamix® машината. Vitamix® свежите, овошни пијалаци се благи, ароматични, вкусни и хранливи. Vitamix® сладоледот, дури и ако додадете M&M или лешници, е потполно природен, со малку масти и затоа е одличен. И децата можат да помогнат во подготвувањето! Забавно е да се прави Vitamix® путерот од кикиритки, а освен тоа, тој е навистина одлична и здрава ужинка за после училиште.

Има вистински замени за масната и храната богата со натриум - Vitamix® нека ви го покаже патот.

Донесете го Vitamix® и оброците со природна храна!
Знаете дека на вашето семејство му е потребен поздрав избор. Да започнеме!

горе

 

5 Едноставни чекори: Вашите деца нека бидат среќни и здрави

Да се соочиме: децата се безмилосни. Да се биде дебело дете, скоро сигурно е дека е болно. Облеката на другите деца е мала. На часот по гимнастика е засрамувачки. Пријателите се ретки. Другите деца се злобни.

Ако вашето дете е едно од 30% кои се или со прекумерна тежина или е на граница да стане такво, еве неколку совети кои треба да се сфатат сериозно:

  1. Соочете се со фактите.
    Ако вашето дете добива на тежина во текот на две години, тоа не е детска фаза. Разговарајте со вашиот семеен доктор за правење план за губење на тежината и за здрава исхрана.
  2. Вклучете го целото семејство.
    Сите треба да се исхрануваат поздраво, па така заинтересирајте ги сите со здрави оброци кои се вкусни, како што се Vitamix® свежите овошни шијалоци за појадок.
  3. Јадете како семејство - на трпезата.
    На тој начин може да гледате што јаде секој и да ги упатувате децата во јадење на добро балансирани оброци. Дури и ужинките треба да се јадат седејќи. Храната изедена набрзина, брзо ќе се заборави.
  4. Направете да биде забавно.
    Исхраната може да биде забавна - особено со Vitamix® машината. Децата самите можат да си направат нискокалоричен сладолед и во него, во умерена количина да додадат лешници, ореви или пак чоколадни парчиња.
  5. Исклучете!
    Исклучете го ТВ и компјутерот и посветете се на здрави активности како: возење велосипед, одење, пинг понг, куглање - бидете креативни. Тоа исто така, е одличен начин за уште подобро да ги запознаете своите деца.

горе

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator