Дијабетес тип 2 (најчестата форма), доведува до бројни прашања ...
Дијагностициран ми е дијабетес тип 2, што понатаму?
Веќе знаете дека треба да вежбате повеќе. И знаете дека вашата исхрана треба да биде континуирана и постојана во текот на денот, со посебно внимание на цело-зрнестите житарки, свежото овошје и зеленчукот. Ова и навистина не е толку тешко ако ја користите Vitamix® машината, која може вистински да помогне и во ваква ситуација.
Оброците од природна храна, направени во Vitamix® машината, целосно го употребуваат овошјето и зеленчукот, ништо не се фрла, па заштедата е значајна благодарение на апаратот. Различни житарици, мешунки и јатки се мелат само за минута и лесно се додаваат во сите ваши омилени рецепти. За уште поголема заштеда, можете да купите житарици во големи количини, да ги измелете и да ги чувате во фрижидер или замрзнувач за користење на истите во иднина.
Придружете им се на илјадниците луѓе кои имаат дијабетес и секојдневно уживаат во животот - за време на појадок, ручек и вечера, благодарение на Vitamix®.
Каква разлика прави поседувањето на Vitamix® машината?
Доколку сакате да го спречите дијабетесот, во тоа ќе ви помогне Vitamix® машината.
Исто така, ако имате дијабетес, вам дефинитивно ви е неопходна Vitamix® машина.
Природните оброци богати со растителни влакна се основата во исхраната кај сите дијабетичари. Таквиот начин на исхрана ви овозможува постепено и континуирано ослободување на шеќерот од консумираната храна. Со тоа шеќерот во крвта не се покачува, што ви овозможува да го одржите ниско нивото на инсулин, а истовремено заради континуираното ослободување на шеќерот од растителните влакна, се избегнуваат ситуациите на паѓање на шеќерот во крвта кои знаат да бидат многу непријатни, па дури и опасни. Ваквиот начин на исхрана овозможува оптимално ниво на просечниот шеќер во крвта, што претставува важен фактор кај секој дијабетичар.
Vitamix® машината може да создаде таква разновидност од оброци со природна храна, што всушност можете да елиминирате до 10 мали кујнски апарати од вашата кујнска маса.
Еве некои од најважните функции, кои без никакви дополнителни додатоци, може да ги изведе Vitamix® машината и да ви помогне во правилниот начин на исхрана со здрава, природна храна, и да ви овозможи секојдневно да уживате во вкус исполнет со хранливост:
|
|
| Витамикс 5200 | Vitamix® машината ги отклучува скриените хранливи материи од природната храна за да се спротистави на болеста и да ви овозможи подолг и поздрав живот. |
![]() |
|
Новото истражување покажа дека диететските масти се најголемиот непријател на балансираниот шеќер во крвта.
Историски гледано, исхраната која се препорачува за да го држи нивото на шеќер под контрола, а со тоа да се спречи или да се контролира дијабетесот, се состои во ограничената употреба на храна со скроб, како: леб, компири, тестенини и ориз. Теоретски, ова има совршена смисла: Ако телото не може да се справи со шеќерот, избегнувајте да јадете шеќер или сѐ што брзо се претвора и ослободува како шеќер. Исто така е препорачливо, исфрлањето на мастите и калориите. За жал, оваа типична „дијабетска диета“ не беше многу успешна во ставањето на шеќерот под контрола.
Забележан е друг интересен факт: Студиите спроведени врз голема популација покажаа дека дијабетесот и високиот шеќер во крвта се ретки во азиските земји, како Јапонија, Кина и Тајван, а проучуваните луѓе консумирале првенствено скробен зеленчук и житарици. Кога истите луѓе се преселиле во САД или Канада и ја усвоиле „западната“ исхрана, срцевите заболувања, дебелината и дијабетесот, станале многу позачестени.
Како што јапонската исхрана сѐ повеќе станувала „западна“, така распространетоста на дијабетесот експлодирала. Она што сега е јасно, е дека генетската предиспозиција за дијабетес е вообичаена кај азиската популација, но болеста се држела под контрола со нивната традиционална исхрана базирана на оризот. Меѓутоа, кога ги прифатиле западните навики на исхрана, се појавила и зачестеноста на оваа болест.
Па така, се покажа дека јаглехидратите не се главните виновници. Всушност, болеста дијабетес, многу повеќе има врска со неспособноста на телото соодветно да ги обработи јаглехидратите.
Во малата пилот-студија на д-р Нил Барнард, на учесниците (сите имале дијабетес и повеќето од нив биле со прекумерна тежина) им било дозволено да јадат неограничени количини на скробен зеленчук со неограничени калории. Од нивната исхрана биле елиминирани животинските масти. До крајот на студијата, учесниците во просек изгубиле околу 7 килограми и шеќерот им се намалил за 28 проценти, што претставува фрапантен податок!
Врз основа на овие и други студии, Националните институти за здравје, истражувачкиот оддел на американската влада, финансирале друга студија која го поттикнувала јадењето јаглехидрати, но цело-зрнести житарки наместо бело брашно, како и слатки компири наместо бели компири. Оваа студија покажала дека шеќерот во крвта на учесниците опаднал до таа мера што тие морале да прекинат со земање дијабетски лекови!
Исфрлањето на животинските продукти и сведувањето на мрсната храна на минимум може да биде предизвик, но поголемиот дел од учесниците во студијата ги сметале диететските промени како можност да се испробаат нови рецепти и нови ресторани. Другите позитивни резултати од програмата вклучуваат добивање повеќе енергија, губење на несаканата тежина и намалување на нивото на шеќер и до 50%.
Резултатите од овие и други вакви или слични студии, покажуваат дека насобраните маснотии во клетките кои можат да ја попречат правилната обработка на јаглехидратите, воопшто не претставуваат предмет на генетиката. Гените играат улога, но зачестеноста на дијабетесот и другите болести, многу повеќе се должат и зависат од начинот на исхрана. Затоа, бидете внимателни кога станува збор за изборот на вашата исхрана во секојдневието. Изберете го најдоброто за вас, бидејќи превентивата претставува најдобар лек против секоја болест.
Шопинг-совети за здрав гликемиски индекс
За да бидат нивоата на гликоза во крвта балансирани, наполнете ја вашата чинија со природна храна: мешунки, сладок компир и светло обоен зеленчук. Еве неколку здрави додатоци за вашата шопинг листа:
Старомодна овесна каша. Овесната каша има растворливи растителни влакна за да го намалат вашиот холестерол и таа е доволна за да ја воздржи желбата за храна во текот на целото утро.
Мешунки. Дали свежи или пак замрзнати од ќеса, мешунките треба да бидат ѕвездата на вашето мени (конзервите не се препорачуваат). Тие се со ниска содржина на масти, а се богати со растворливи растителни влакна, не содржат холестерол, а имаат и низок гликемиски индекс.
Замрзнат зеленчук. Соберете ќеси со брокула, моркови, карфиол, зимска тиква и мали зелки. Замрзнете ги и ќе ги имате при рака кога ќе немате свежи продукти.
Леќа. За супи! Тие се здрави, заситуваат и се полни со растителни влакна. Совршена работа за вашата Vitamix® машина.
Леблебија. Направете сопствен хумус (лимон и лук) во вашата Vitamix® машина за да го намалите вишокот масти во организмот. Служи за правење одлични сендвичи!
Кафеав ориз. Потпечете го малку и сварете го како тестенините. Одлично оди со јадењата од мешунки!
Јачмен. Служете го посебно или додадете го во вашата Vitamix® супа од зеленчук, тој има низок гликемискиот индекс, има многу растворливи растителни влакна, кои се одлични за намалување на холестеролот, а исто така, добивате прекрасен вкус и структура на супата.
Домати. Направете свеж сос за шпагети во Vitamix® машината па можете да го сведете маслото на минимум и да го задржете прекрасниот свеж вкус.
Пивски квасец. Додадете го во сосови, супи или во динстани јадења. Најпрактичен е ако го набавете изрендан, прави одлична текстура. Ќе го пронајдете на полицата за додатоци.










