Како спортист знаете дека тоа што го користите за да го енергизирате вашето тело е од најголемо значење.

Докажано е дека редовното надополнување на вашето тело преку целиот ден, го подобрува процесот на обновување и закрепнување на телото и го поткрепува имунолошкиот систем, така што нема да пропуштите ниту минута од вашиот личен распоред за тренирање.
Но, многу фитнес-продукти и пијалаци се далеку од здрави и можат да го спречат вашиот успех. За да го добиете најдоброто од вашето тело и од вашиот тренинг, потребно ви е да го имате најквалитетното гориво: цели зрна, посно месо и свежо овошје и зеленчук.
Користењето на Vitamix® машината ќе ви помогне во вашата исхрана да вклучите здрава храна, што обезбедува енергија и ќе им даде поттик на вашите фитнес-цели секој ден.

 

Дајте му го на вашето тело тоа што му е потребно

Со Vitamix® 5200, може да направите:

  • Енергетски пијалаци за подобрување на вашиот тренинг за само 60 секунди.
  • Високоенергетски жешки супи, направени за минута.
  • Смрзнати наслади за да се оладите после тренинг, направени од овошје со многу растителни влакна и убав вкус, за само 60 секунди.
  • Домашен путер од кикиритки, богат со протеини и без хидрогенизирани масти, за 60 секунди.
  • Жешки целозрнести житарки - свежо сомлени за 30 секунди.

 

Vitamix® пијалаци од природна храна:

Гориво за „Трчајќи низ Америка“ и за подобар живот за вас.

Vitamix® беше дел од вистинска тркачка епопеја! Документарниот филм „Трчајќи низ Америка ´08“, објавен есента 2009 година, ја бележи потрагата на двајца маратонски тркачи да ја освојат севкупната должина на Соединетите Американски Држави, со сопствените нозе. Vitamix® беше воодушевен од можноста да им обезбеди моќни пијалаци на Маршал Улрич, 57 години и на Чарли Енгл, 43 години, на маршрутата Трчајќи низ Америка ´08. Овие двајца луѓе не се ништо помалку од неверојатни - ни дожд, снег, лапавица, ниту пак град (тие се соочија со сето тоа), не ги задржа од завршување на патешествието долго 4.897 километри. Трчајќи до 112 км на ден, им беа потребни 10-12,000 калории и честите течни оброци, беа лесен, енергетски, ефикасен одговор! Богатството на хранливи материи од енергетските Vitamix® пијалаци ги правеше силни.

Во вторник, 4-ти ноември, 2009 година, Маршал ја заврши последната патека од патувањето и ја допре врвната скала на Њујорк Сити Хол. Чарли кој претходно доби повреда за време на трката, го заврши маратонот на неговиот велосипед, давајќи му поддршка и охрабрување на својот пријател Маршал, во текот на целиот пат. Едно неверојатно достигнување на давајца неверојатни спортисти! Посебни честитки до Маршал за поставување на нов Men's Grand Master и Masters рекорд за најбрзиот кросинг во Америка, на стапала.

 

Хранливите материи нека работат за вас

Значајните живототворни хранливи материи заклучени внатре во пулпата, лушпите и семињата на овошјето и зеленчукот, не може лесно да се апсорбираат кога оваа храна само се џвака. Кога суровата, природна храна се обработува до клеточно ниво од страна на Vitamix® машината, хранливите материи брзо стануваат достапни за да го хранат телото. Vitamix® машината ги раскинува клеточните ѕидови на природната храна за да ги направи ензимите подостапни. Мелењето на храната до микроскопски честички, исто така, ослободува повеќе арома, па кога оброците се направени во Vitamix® 5200 не само што се похранливи, туку се и повкусни и позаситувачки.

Останете хидрирани


„За да постигнете оптимална ефикасност, морате најпрво да постигнете оптимално здравје. Одговорот е во витализирачката исхрана со природна храна. Vitamix® е најлесниот начин да ја збогатите вашата исхрана со природна храна богата со хранливи материи.“
Брендан Брезијер - професионален Ironman triathlete и најпродаван автор за ефикасноста на исхраната.
„Кога телото е правилно хидрирано, крвта има правилна густина и овозможува ефикасна дистрибуција насекаде низ телото.“ Клетките на хидрираното тело нараснуваат, предизвикувајќи анаболична реакција (раст на мускулното ткиво) и забрзувајќи го клеточното обновување. Исто така, хидрираните клетки остануваат алкални. Доколку клетките се дехидрирани, ќе се случи катаболична реакција (слабеење на мускулното ткиво), со што ќе напредува дегенерацијата. Одржувањето на крвниот волумен преку соодветна хидрација исто така дозволува:
  • црвените крвни клетки ефикасно да го достават кислородот до мускулите;
  • доставување на хранливите материи насекаде во телото, отстранување на штетните продукти како јаглерод диоксид;
  • правилно доставување на хормоните.
- Земено од „Напредокот на исхраната“ од Брендан Брезијер
www.brendanbrazier.com


Истражувањата покажуваат дека природната храна е подобра од додатоците за превенција на болести

Ако живеењето долг и здрав живот е вистинската мерка за личниот успех, што можеме да направиме ние како индивидуи, за да ги продолжиме нашите години и да ја држиме болеста во безизлезна состојба? Според некои неодамнешни студии, одговорот не мора неопходно да биде во витаминските додатоци.

Индустријата на нашата земја за витаминските додатоци, е бизнис тежок 23 милијарди долари. Но, истражувањата покажуваат дека нема доволно докази дека земањето на витамини - во пилули - помага да се спречи хронична болест или да се продолжи животот. Па зошто толку многу Американци се зависни од земање витамини?

На сите ни се потребни витамини, кои се есенцијални хранливи материи и прават нашите тела да работат со врвни перформанси. Човечкото тело не може само да ги произведе овие хранливи материи и несоодветните количини на витамин Д или витамин Ц, на пример, можат да предизвикат бројни здравствени проблеми.

Балансираната исхрана со многу овошје и зеленчук, е одговорот за одржување на добро здравје и во САД многу популарни производи се засилени со витамини и минерали. Поради тоа, болестите предизвикани од недостаток на витамини се ретки.

Со текот на годините, научниците претпоставиле дека придобивките од здравата исхрана доаѓаат од јадењето природна храна, но и не со изолирање на витамините кои се наоѓаат во нив и консумирање на истите во форма на пилула.

Се претпостаува дека земањето витамински додатоци, со изолирање на еден или два клучни витамини од брокулата, на пример, може да не ги даде истите здравствени придобивки што би ги дала природната храна. Има многу истражувачки студии кои го докажуваат ова верување.

Една таква студија, која беше достапна од февруари 2009 година, ни кажува дека истражувачите во студијата спроведена од Женската здравствена иницијатива, осум години ја следеле употребата на мултивитамини, меѓу повеќе од 161,000 постари жени. И покрај претходните пронајдоци кои сугерирале дека мултивитамините можат да го намалат ризикот од срцеви заболувања и одредени видови рак, студијата, објавена во Архивите на интерната медицина, не дошла до такви резултати.

Во 2008 година, била објавена друга студија, која една декада ја следела работата на скоро 15,000 машки лекари со извештај дека нема разлика во стапките на рак или срцеви заболувања, меѓу тие кои користеле витамин Е и Ц, споредено со тие кои земале плацебо (лекарство без активна супстанца, како замена за лек). И во октомври 2008 година, студијата спроведена на 35,000 мажи ја сруши надежта дека високите дози на витамин Е и селен, можат да го намалат ризикот од рак на простата.

Па, што е тогаш одговорот? Ако сакате да живеете до 100, послушајте што ви кажала мајка ви и јадете зеленчук. И овошје. Ако ви е здодеано од нив, миксирајте ги или подобро „Vitamix®ирајте ги“, со правење зелен пијалак за една минута (нема да го вкусите „зеленото“), супа за 4 минути (од сурова до многу жешка) и многу брзи и вкусни десерти - добри за вас: пиреа, пијалаци, намази, предјадења и салси со Vitamix® блендерот. Подгответе се да живеете долго и просперитетно.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator