Јадењето хранливи оброци без глутен никогаш не било полесно!
Еве како Vitamix® може да помогне:

Витамикс за без глутен - Vitamix for Gluten-Free
Зошто да не јадеме глутен? Vitamix® исхрана
Неодамнешните истражувања покажуваат дека чувствителноста на глутен е многу повеќе застапена отколку што се мислеше. Многу луѓе традаат од нетолеранција на глутен, додека, пак, други имаат многу посериозна состојба позната како целиакија. Всушност, една студија на Центарот за истражување на целиакија на Универзитетот во Мериленд, покажа дека еден од 133 луѓе во САД имаат целиакија, но на 97% од нив во тој момент сѐ уште не им е дијагностицирана болеста.

Целиакијата се лекува со елиминирање на целиот глутен од исхраната. Глутенот активира автоимуна реакција која предизвикува уништување на ресичките во тенкото црево и сериозно ја попречува апсорпцијата на хранливите материи и доброто здравје.
Вистината е дека многу современи лекови се само имитација на фитонутритиентите кои се наоѓаат во суровата, природна храна. Скриени внатре во клетките од овошјето и зеленчукот се наоѓаат моќните лековити соединенија, наречени фитонутритиенти. Лабораториските тестови покажаа дека овие значајни хранливи материи се заклучени внатре во пулпата, лушпите и семињата на овошјето и зеленчукот, и не можат да бидат апсорбирани доколку оваа храна само се џвака.

Максимална исхрана единствено е достапна кога клеточните ѕидови на суровата храна се раскинати и тоа е она што Vitamix® може да го направи за вас. Моќниот мотор во комбинација со сечилата од не’рѓосувачки челик и посебно дизајнираниот сад, дозволуваат Vitamix® машината да ја сомеле храната до микроскопско ниво, и да ги направи веднаш достапни за дигестија сите витамини, минерали и антиоксиданти кои се наоѓаат во храната без глутен. Плус, ќе ги добиете сите растителни влакна, кои се еден значаен дел за правилна дигестија.


Сестраноста на Vitamix®

Вистинската опрема може да го направи вашиот животен стил без глутен - полесен. И овде настапува Vitamix®. Vitamix® машината може да изведе таков широк спектар на процеси за подготвување на храна, што всушност може да се елиминираат и до 10 мали кујнски апарати. Еве листа на некои од најважните функции за храна кои може да ги изведе Vitamix® машината - без никакви додатоци и да ви помогне да уживате во максимален вкус и храна од вашата исхрана без глутен:

  • Правење сокови од природна храна
  • Правење супи и сосови
  • Правење смрзнати наслади
  • Мелење (суви) зрна
  • Мелење (влажни) зрна
  • Мешање
  • Сецкање на влажни состојки
  • Кршење мраз
  • Сецкање на суви состојки
  • Миксирање

Штедење со Vitamix®
Оброците од природна храна направени во Vitamix® машината во целост го употребуваат овошјето и зеленчукот, па така ништо не се фрла, и само заштедата на производот е значителна. Пакуваното безглутенско брашно, житарки, леб и колачиња можат да бидат многу скапи - ако и кога можете да ги најдете - па заштедувате и време и пари, правејќи си свежо мелена мешавина. За мелењето на разновидни жита, зрна и јаткасти плодови, потребно е само минута и тие лесно се вклопуваат во сите ваши омилени рецепти. За уште поголема заштеда, може да ги купите неспакувани и да сомелете големи количини на било кои свежи состојки без глутен и да ги чувате во фрижидер или замрзнувач за идна употреба.

Практичноста на Vitamix®
Кога купувате жита без глутен и сами си мелете брашно, вие го добивате токму она што ви е потребно и ја заробувате сета хранливост од зрното и неговиот нутритивен врв. Можете дури и да ги скршите зрната за да добиете хранливи интегрални житарки богати со растителни влакна. Свежо измелените мешавини, одземаат само минута за да се подготват во Vitamix® со дополнителен сад со сечила кои се специјално дизајнирани за мелење на суви состојки. Стандардниот сад со „сечило за влажни состојки“ се користи за правење на природни сокови, овошни пијалаци, инстант-сладоледи и свежи, топли супи. Најзначајната придобивка од подготвувањето на оброците во Vitamix® машината е тоа што можете да го избегнете скриениот глутен кој го има во многу обработени видови храна - и во исто време ќе ги избегнете додадените масти, шеќери и конзерванси. Зошто да губите време читајќи етикети кога во Vitamix® за минута можете да подготвите хранливи оброци од сурова природна храна.

За дополнителни информации, ве замолуваме да проверите кај:
University of Maryland’s Center for Celiac Research
NIDDK - National Digestive Diseases Information Clearinghouse
Celiac Disease Foundation
Celiac.com
Celiac Sprue Association
Gluten Intolerance Group

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

bmi_calculator