Здравите навики на децата започнуваат од дома

Кога станува збор за хранењето на вашите деца, се чини дека има безброј правила на кои треба да се придржувате. На децата им требаат хранливи материи за да бидат силни и здрави, но исто така, треба да ги ограничите слатките и големината на оброците, за вашето дете да не добие прекумерна тежина и други здравствени проблеми.

Овие два проблема можат да бидат тешки за справување. Сепак, со Vitamix® оброците од природна храна, тие лесно можат да се постигнат.

 

Забава: Тајната состојка за децата да се исхрануваат поздраво

Од пријателски кловн до разнобојни пакувања за носење дома, брзата храна многу ги привлекува децата. Дали е чудно што, скоро една третина од сите aмерикански деца се со прекумерна тежина, а 15% се навистина дебели?
Сѐ поголем број здравствени поборници, нутриционисти и паметни родители, се борат за да презентираат здрава исхрана на начин што ќе биде привлечен и забавен за децата.
„Секако дека многу нездрави производи се вкусни, но децата исто така ги избираат овие производи зата што ги доживуваат како ‘забавни’“, вели Џоди Берг, маркетинг-директор на Корпорацијата Vitamix®, компанија која веќе 70 години произведува кујнски апарати, посветени на здравата исхрана, која е вкусна, забавна и лесна. „Забавата е тајната состојка, која исто така, може да ги натера децата да изберат храна која е добра за нив.“
Ен Дисело, нутриционист, ги нуди следниве совети за да се воведе здравата храна како: зеленчук, непреработено овошје и цели зрна, на забавен начин, што децата ќе го сакаат:

  1. „Започнете со здравите навики во високиот стол“

    Бебињата кои започнале со јадење на здрава храна, пораснале во возрасни со добра диететска основа. Многу педијатри препорачуваат родителите да прават сопствена бебешка храна, отколку децата да се хранат со готови храни кои често се полни со вода, скроб, шеќер или месни додатоци.Домашно подготвената храна може да обезбеди повеќе хранливи материи и во исто време, ќе ве чини помалку.

    Подготвувањето на бебешка храна е лесно. Едноставно, ставете да се готват на пареа или малку обарете здрави состојки по ваш избор, од моркови и грав до благ компир, јаболка и круши, и измешајте. За оптимални здравствени придобивки измешајте ги обарените продукти со малку вода, во моќен блендер како Vitamix® Супер 5000. Машината го меле овошјето и зеленчукот до клеточното ниво, па така хранливите материи се ослободени. Користејќи го целиот зеленчук или овошје, ви дозволува да ги задржете најголемиот број, ако не и сите, оригинални хранливи материи и растителни влакна од храната.

  2. Претворете ги децата во „оператори за свежи пијалаци.“

    Нема сомнение дека свежите пијалаци се значаен дел од факторот - забава. За жал, свежите пијалаци купени од слаткарница или пакуваните од продавница, често содржат дополнителен шеќер и конзерванси. Многу често, тие се прават со преработени овошни сирупи на кои им недостасува најголемиот дел од хранливите материи и растителните влакна.

    Правењето свежи пијалаци дома, е одличен начин да ја направите исхраната привлечна за децата. Со употреба на свежо овошје и здрави состојки, имате целосна контрола врз хранливата содржина. Поголемите деца можат да стапат во акција со помагање во подготвувањето на состојките и со правење на нови комбинации.

    Според Џоди Берг: „Свежите пијалаци се одличен начин да ги натерате децата да јадат и овошје и зеленчук”. „Започнете со здрава основа од свежо овошје, и дури и најборбеното дете против зеленчукот, нема да може да ја вкуси тиквата или морковот кои сте ги додале во напитокот.”

  3. Без чувство на вина направете „инстант” сладолед во кој ќе уживаат децата, тинејџерите и возрасните.

    Навистина, ретко постои дете кое не сака сладолед. Сепак, родителите се згрозени од високото количество на масти и шеќер кои се наоѓаат во многу брендови на сладолед. Со употребата на Vitamix® машината, лесно може да се подготват здрави замрзнати наслади за помалку од минута. Моќниот мотор и прецизните сечила ги претвораат здравите состојки, како смрзнатото овошје или обезмастеното млеко во сладолед со прекрасен вкус.

    Супите и лебот, исто така, се одличен начин за да се вметне зеленчукот во исхраната на децата. Изматете вкусна пилешка супа со испасиран зеленчук. Наместо да купувате „збогатен” бел леб, направете домашен, со брашно од цело зрно и во основниот рецепт за леб додадете: брусница, зелени тиквички, тиква и моркови.

 

Децата ги добиваат наградите од исхраната богата со калциум

Една од две жени и еден од осум мажи над 50 години, страдаат од скршеници настанати како последица од губењето на коскената маса, вклучувајќи понекогаш и скршеници на колкот, кои се опасни по живот.

Но, за време на предтинејџерските и тинејџерските години, може да го намалите ризикот од фрактура на коските подоцна во животот, така што ќе консумирате храна богата со калциум и ќе се занимавате со поголема физичка активност. Телата на адолесцентите се создадени за да го искористуваат калциумот. Калво вели дека од почетокот на пубертетот „вашето тело има поголем капацитет да го апсорбира калциумот.” Иако млекото е одлично за коските, млечните производи не се единствената храна која содржи калциум. Сусамовото семе, спанаќот, брокулата и другите „зелени”, се одличен пример за храна богата со калциум.

Важноста од избирање на калциум од различни групи на храна, е тоа што секоја група, исто така, нуди единствен пакет од други хранливи материи.

 

Дали вашите деца појадуваат? Последните извештаи покажаа дека 40% од децата не појадуваат!

Но, сите знаат дека појадокот е најважниот оброк од денот, нели?

Еве некои докази од неодамнешни студии:

  • Учениците кои појадувале пред да одат на училиште, имале подобри оцени по математика, по читање, имале зголемено внимание, ретки посети кај лекар и подобрено однесување.
  • Децата кои јаделе здрав појадок „ја задоволувале својата дневна потреба од хранливи материи, ја држеле телесната тежина под контрола, имале пониско ниво на холестерол во крвта и почесто посетувале училиште.”
  • Кај децата кои појадуваат, веројатноста дека ќе консумираат храна со соодветни нивоа на есенцијални минерали, како што е калциумот, фосфорот, магнезиумот и витамини како рибофлавин, А, Ц и Б12, е поголема, за разлика од децата кои го прескокнуваат појадокот.


Па зошто вашите деца не појадуваат секој ден?
Најверојатно затоа што вашето семејство наутро е во брзање и вие мислите дека немате време да направите хранлив појадок. Но, запомнете дека добриот појадок не бара многу време - особено ако имате Vitamix® машина. Има многу брзи и лесни појадоци кои може да им ги дадете на вашите деца, а се исто така хранливи. Испробајте ги овие Vitamix® рецепти: Јаболков сируп врз палачинки од цело зрно или Овошен свеж пијалак.

 

Заштедете пари и овозможете му на вашето бебе здрав почеток!
puree_yllw_babyhand Ако одлучивте да подготвувате храна за вашето бебе, ви честитаме! Така, вие му давате два од најголемите подароци на животот - добро здравје и вкусна храна.

Кога ја користите Vitamix® машината за да направите сопствена бебешка храна, вие ќе знаете што има, а што нема во исхраната на вашето бебе, како: конзерванси, дополнителен натриум и шеќер!
Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator