|
Домашна храна за кучиња, според рецептот на Џо „Ние сами, со Vitamix®, правиме храна за кучиња. Звучи невообичаено, но е поевтино и знаеме дека ги храниме нашите домашни миленици најдобро што можеме. Тие се здрави и нивното крзно изгледа одлично!“ - Џо Б. Кливленд, Охајо *Пред да ја смените исхраната на вашите миленици, консултирајте се со ветеринарен лекар.
Упатство: Ставете го јаболкото и лененото семе во Vitamix® садот. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината на 10 и потоа на голема брзина мешајте 15 секунди. Исклучете ја машината. Додадете го лососот, компирот и аспарагусот. Мешајте на голема брзина сѐ додека не се изедначи. Оваа порција е за куче со тежина од 11-13 кг.
За сите домашни рецепти за храна на домашни миленици:
|
Вегетаријански колачиња за куче
Ставете ги морковот, спанаќот, лукот, водата и маслото во садот. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината на 10, потоа на голема брзина и мешајте 40 секунди, додека не се изедначи. Исклучете ја машината и тргнете го капакот. Додадете го брашното, овесот, никулците и квацесот во влажната мешавина. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10. Употребете го додатокот за да ги притиснете состојките до сечилата. Мешајте сѐ додека сувите состојки не се изедначат. Исклучете ја машината и тргнете го капакот. Исукајте го тестото на површина со брашно со дебелина од 5-10 мм. Исечете ги колачињата со помош на калапи. Печете ги 15 мин. на површина намачкана со масло. |








