Еве решение за високата цена на лековите и додатоците во исхраната

Истражувањата покажуваат дека фитонутритиентите и антиоксидантите во природната храна, можат значително да го намалат оштетувањето на клетките од страна на слободните радикали. Најтешката работа е да се добијат овие есенцијални хранливи материи во лесно сварлива и високо апсорблива форма.
Vitamix® ви овозможува да искористите многу повеќе од здравата храна што секојдневно ја купувате. Значајните нутритиенти скриени во пулпата, лушпата и семето на доматите не можат да се апсорбираат, затоа што фитонутритиентите се наоѓаат внатре во клетките кои треба да се раскинат. Vitamix® машината ги раскинува клеточните ѕидови на суровата, природна храна за да ги направи овие фитонутритиенти по биодостапни.
Неодамнешната студија од страна на Центарот за студии и истражување за здравје, покажа дека доматите обработени во Vitamix® машината даваат преку трипати повеќе ликопен од доматите подготвени во соковник или изедени цели.
Ликопенот го намалува ризикот од рак на простата, бели дробови и други видови на рак.


„Што точно ја прави Vitamix® машината да биде уникатна?“
Драг Vitamix®,
Ретко пишувам препораки, но едноставно морав да ви кажам за еден експеримент кој го направив неодамна.
Во продавницата за здрава храна каде што купувам, обично оставаат мало списание за здравје во кое има додатоци за различни производи. Одлучив да видам колку би ме чинела употребата на овие препорачани производи, за секој месец да „останам здрава“. Сѐ се сведе на следново:
Мултивитамин........................................1200 денари
Антиоксиданти.......................................1900 денари
Зелена трева во прав..........................1300 денари
Додатоци на исхрана...........................3500 денари
Вкупно......................................................7900 денари
Бев шокирана кога видов дека вкупната цена е 7900 денари. И сето тоа без намирници за мојата кујна!
Кога го купив Vitamix® увидов дека сите тие производи кои ги продаваат пакувани, веќе ги има во суровата здрава храна.
Сега го користам Vitamix® дури и за да сомелам пченица и ленено семе. Подготвувам сок секое утро за целото семејство. Правиме пијалаци за ужина и често подготвуваме супа за ручек. Јас сѐ уште одам во продавницата за здрава храна - но витамините, минералите и антиоксидантите, ги добивам од суровата храна, обработена во мојот Vitamix®.
Ви благодарам што ми овозможивте оптимално здравје за моето семејство и сето тоа за цена која можам да си ја дозволам. Истовремено гледам дека со текот на времето занцително заштедуваме од нашит домашен буџет за набавка на намирници за нашата кујна од едноставна причина што користејќи го нашиот Vitamix® ние повеќе не фрламе храна како отпад како што тоа го правевме со стариот соковник.
К.В. Билингс, Монтана
„Vitamix® не ги исфрла најхранливите делови од овошјето и зеленчукот. Самото тоа што знам за исцелителните нутритиенти и растителни влакна содржани во пулпата од овошјето и зеленчукот, никогаш нема да си дозволам да користам било кој друг соковник, кој ја отфрла драгоцената пулпа.“
Др. Џон Хајнерман
Секоја година во САД, приближно 925,000 луѓе умираат од срцево заболување.
Како што е случај со секоја болест, еден грам превенција, вреди повеќе и од килограм лек.
Исхраната богата со природна растителна храна е главен дел од секој превентивен план.
Исхраната богата со храна од растително потекло не само што помага во превенцијата од срцево заболување, туку исто така, може да биде од голема помош во лекувањето и спречување на повторно враќање на болеста.
Според д-р Дин Орниш, (често цитиран истражувач за срце), конвенционалниот пристап за справување со срцевото заболување – со оперативни процедури и лекови за намалување на холестеролот „ја лекува само физичката манифестација на болеста, без да се сврти внимание на суштинските причини“. Орниш објаснува дека таквиот чекор „ќе обезбеди само привремено олеснување, но не и отстранување на проблемот.“
17/11/2003
Кливленд,17 ноември – Центарот за здравствени истражувања и студии во Лос Алтос, Калифорнија објави резултати од неодамнешна студија за вредностите на каротеноиди во крвната плазма со три различни методи на подготовка и конзумација на зеленчук. Трите највообичаени методи кај индивидуите за конзумирање на зеленчук се: во форма на сурова храна, како сок од соковник или подготвени во Vitamix машината. Истражувачите тестирале 4 вида на каротеноиди: бета-каротен, ликопен, лутеин/зеаксантин и бета криптоксантин. Резултатите од истражувањето покажаа:
- Зеленчукот подготвен во Vitamix машината обезбеди најголем внес на бета-каротен во телото. Бета-каротенот спречува срцево заболување и рак на бели дробови и простата.
- Зеленчукот подготвен во Vitamix машината обезбеди најголем внес на ликопен. Ликопенот спречува рак на бели дробови и простата.
- Зелечнукот подготвен во Vitamix машината обезбеди најголем внес на лутеин и зеаксантин. Лутеинот и зеаксантинот помагаат во заштитата од макуларната дегенерација и катаракта поврзана со стареењето.
- Зеленчукот подготвен во Vitamix машината обезбеди најголем внес на бета криптоксантин. Бета криптоксантинот има значајна улога во видот, растот, репродукцијата и развитокот на коските.
Методот на обработка во Vitamix даде многу позитивни резултати, често потиснувајќи го соковникот, а најзначајни резултати се добија кај ликопенот. Vitamix машината ги раскинува клеточните ѕидови на овошјето и зеленчукот за да ги ослободи нутриентите заробени внатре во клетката. Истражувањето докажа дека обработката во Vitamix резултира со повисоки нивоа на бета-каротен и ликопен од соковниците или со џвакањето на храната. Апсорбцијата на бета криптоксантинот беше исто така добра со Vitamix обработката, слично со јадењето на сурова храна, а значително повисока од обичен соковник.
Друг значаен пронајдок според истражувачот Џини Спилер, доктор по наука, е дека Vitamix машината го направила високо апсорблив бета-каротенот, истовремено оставајќи ги присутни растителните влакна. Нерастворливите растителни влакна од зеленчукот обработен во Vitamix машината, претставуваат важни нутриенти за превенција од констипација (запек), хемороиди, рак на дебелото црево, дивертикулит и други цревни заболувања. Од друга страна, растворливите растителни влакна кои ги конзумираме кога суровата храна ја обработуваме со Vitamix машината, помагаат во отстранувањето на вишокот холестерол, како и за регулирање на метаболичките болести како што е дијабетесот. Vitamix машината ја раскинува лушпата и семето на овошјето и зеленчукот за да обезбеди дополнителни хранливи материи кои со цедењето на сок не можат да се добијат. Едноставно кажано, Vitamix машината ви обезбедува коплетен нутритивен профил за секојдневните потреби на организмот.
Истражувањето покажа дека најдобриот начин да се спречи срцево заболување, рак на бели дробови и простата, макуларна дегенерација поврзана со стареењето и формирање на катаракта е конзумирањето оптимална количина каротеноиди.
Корпорацијата Vitamix е организација заснована на квалитет, обезбедувајќи високо ниво на вредност и придобивки за нашите клиенти. Почнувајќи од дизајн, производство, маркетинг, високи перформанси, истрајност, доследност инвентивност, нудиме висококвалитетна опрема за потрошувачите и индустријата за сервис на храна.







