Vitamix® е решението за живот со помалку јаглехидрати.

5200fruit

Јадењето на хранливи оброци со помалку јаглехидрати, никогаш не било полесно!
Еве како Vitamix® може да помогне:

Јаглехидрати: Колку треба да ги намалите?

65% Од американската популација се со прекумерна тежина или дебелина, па не е чудо што толку многу луѓе бараат сигурно решение за намалување на вишокот килограми, стабилизирање на шеќерот во крвта и подобрување на метаболичкото и срцевото здравје. Но, решението се „помалку јаглехидрати“? За жал, најдолгата студија досега со помалку јаглехидрати, е онаа која ги следела испитаниците во тек на само една година, па сѐ додека не се објават резултатите од поголеми, подетални студии, едноставно не знаеме. Сепак, тоа што го знаеме е дека елиминирањето на јаглехидратите од исхраната, може да им помогне на некои луѓе побрзо да ги загубат килограмите отколку со диета, само со намалување на калориите. Основната теорија на живот со помалку јаглехидрати е дека намалувањето на јаглехидратите ја запира продукцијата на инсулин, хормон задолжен за складирањето на телесните масти, покачувајќи го крвниот притисок и натрупувањето на килограми. Но, неколку збора за мудрите: Калориите не се бројат и сите јаглехидрати не се создадени еднакви.

 

Јаглехидрати: Добрите, лошите и грдите

Пред да се придружете на кампот за помалку јаглехидрати, еве краток преглед на тоа што се всушност јаглехидратите, што му прават тие на вашето тело и зошто многу експерти мислат дека тие се важни за вашето здравје. Јаглехидратите - шеќери, скроб и растителни влакна, кои ги има во изобилие во растителниот свет - се главен извор на енергија во нашето тело. Иако манијата за помалку јаглехидрати ги тера многу луѓе да веруваат дека сите јаглехидрати се лоши, „комплексните“ или нерафинираните јаглехидрати кои се наоѓаат во свежото овошје, зеленчук или цели зрна (и во Vitamix® оброците) се богати со драгоцени растителни влакна и имаат многу придобивки. Тие се богати со витамини, минерали и фитохемикалии кои се борат против болести. Сите тие се добри.
Лоши се „простите“ јаглехидрати кои се речиси без растителни влакна и хранливост - храната како што е - погодувате - бел леб, тестенини, печива и слатки. Оваа храна брзо се вари, се претвора во гликоза и го подига нивото на шеќерот во крвта. Тогаш панкреасот произведува инсулин за да му помогне на телото да ја обработи гликозата и шеќерот во крвта паѓа. Кога тоа ќе се случи - тука доаѓа грдиот дел - мозокот добива сигнал дека телото е гладно и ние зграбуваме било што за јадење за да му помогнеме на нашето тело да го врати шеќерот во нормала.

 

Растителните влакна се тајно оружје во борбата со несаканите килограми

Значајни се оние растителни влакна кои се наоѓаат во сложените јаглехидрати! Поради растителните влакна вие може - и треба да имате, вкусен и хранлив појадок со Vitamix® природниот сок и домашниот Vitamix® пченичен леб од интегрални зрна. Сложените јаглехидрати од природната храна го хранат вашиот мозок и содржат растителни влакна кои го потиснуваат апетитот и ве заситуваат сѐ до ручекот. Најпрво ќе се чувствувате одлично, ќе имате помалку напади на глад и ќе бидете во помало искушение да се прејадете подоцна во текот на денот.
Тоа е победа-победа-победа!

 

Фактор растителни влакна: Која количина е доволна?

Националната Академија од научниот институт за медицина, е групата која ги поставува националните диететски упатства - препорачува јадење на 25 грама растителни влакна на ден. Исхраната богата со растителни влакна може да го намали ризикот од дијабетес, некои нарушувања на гастроинтестиналниот тракт, висок холестерол и срцеви заболувања. Тие препорачуваат баланс од растворливи и нерастворливи растителни влакна, секој ден.
Овес, грав, грашок, јачмен, јаболко и цитрусните овошја, се одлични извори на растворливи растителни влакна кои помагаат нивото на холестеролот во крвта да се одржи здраво. Најдобар извор на нерастворливи растителни влакна се брашно од интегрално зрно, интегрални житарки, јаткасто овошје, најголем дел од зеленчукот и овошје со семки што се јадат, како на пример јагодите. Нерастворливите растителни влакна го оставаат вашиот дигестивен тракт непроменет.

Краток преглед: Како сложените јаглехидрати, се вклопуваат во најдобрите четири диети

Револуционерната диета на д-р Аткинс.

Теорија: Исфрлете ги јаглехидратите и телото ќе ги согори складираните масти за енергија и брзо ќе се изгуби тежина.
Што е на менито: Нема ограничување на масти и протеини во форма на месо, јајца, путер, повеќето видови сирење и некои видови зеленчук.
Донесете ги јаглехидратите!: Сложените јаглехидрати постепено се воведуваат во исхраната по почетното губење на тежина. Поголем дел од овошјето не се препорачува.

 

Диета - Јужна плажа

Теорија: Јадете го вистинскиот вид јаглехидрати и вистинскиот вид масти, за брзо да изгубите од тежината.
Што е на менито: Фаза 1: посно месо, немасно сирење, јајца, јаткасто овошје и зеленчук.
Донесете ги јаглехидратите!: Фаза 2 вклучува: пченичен интегрален леб, интегрален ориз, тестенини, житарки и овошје.

 

Зона

Теорија: Одредена количина на храна, пропишана во одредено време го менува метаболизмот и поттикнува постепено губење на тежината.
Што е на менито: Јаглехидрати, протеини и масти во сооднос 40-30-30, за секој оброк.
Донесете ги јаглехидратите!: Дозволени се “корисните јаглехидрати“ како: зеленчук, овошје, мешунки и интегрални зрна. „Некорисните јаглехидрати“ како: ориз, тестенини, житарки, леб и сок, дозволени се во помали количини.

 

Чувари на тежината

Теорија: Јадете балансирана здрава храна во рамки на вашите потреби за постепено да губите на тежина.
Што е на менито: Сѐ што сакате - само секојдневно забележувајте сѐ што јадете.
Донесете ги јаглехидратите!: Се бројат и јаглехидратите - само не заборавајте да ги додадете.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator