Како да го зајакнете вашиот имунитет

 

immune
Боите на здравјето - Лесен водич за превенција од сите болести

Вие лесно можете да имате оптимална телесна тежина, да живеете подолго и да го намалите ризикот од болести со јадење на овошје и зеленчук од седум различни групи поделени според нивната боја.

Тоа е теоријата на новиот план за исхрана кој ја нагласува важноста од вклучување на разновидни фитонутритиенти во исхраната, со цел за подобрување на вашето здравје. Овој план го следи Системот ´кодот на боите´, смислен од  д-р Дејвид Хербер, професор по медицина на УКЛА и директор на УКЛА Центарот за хумана исхрана. Во неговата книга, „Која боја е вашата исхрана?“, д-р Хербер ги класифицира овошјето и зеленчукот во седум групи на бои, каде што секоја боја претставува растителна хранлива материја со посебна придобивка. Она што е одлично кај овој систем, е тоа што луѓето лесно можат да разберат која природна храна и кои хранливи материи се најдобри за одредена болест.

Црвена група: Во оваа група се вклучени доматите, розовиот грејпфрут и лубеницата. Ова овошје содржи фитонутритиент ликопен, кој може да спречи срцево заболување, заболувања на белите дробови, рак на простата и други тешки заболувања.
Црвено-виолетова група: Грозје, црвено вино, сок од грозје, брусница, боровинки, аронија, јагоди и црвени јаболка, се дел од црвено-виолетовата група. Оваа храна содржи антицијанин, антиоксидант кој заштитува од срцево заболување и спречување да се формираат крвни згрутчувања.
Портокалова група: Во оваа група се вклучени моркови, манго, кајсии, дињи, тикви,  тиквички и слатки компири. Оваа храна, која е богата со алфа и бета-каротен, може да го спречи ракот со блокирање на клеточното оштетување предизвикано од оксидација.
Портокалово-жолта група: Оваа група е насочена кон превенцијата од срцево заболување и го содржи нутритиентот бета-криптотанксин. Во оваа портокалово-жолта група се вклучени сок од портокал, папаја, мандарини, праски, портокали и нектаринки.
Жолто-зелена група: Оваа група го вклучува спанаќот, зелени лисја од синап, репи, раштан, жолта пченка, зелен грашок, авокадо и диња-медлика. Оваа храна содржи лутеин и зеаксантин кои се добри за очите, може да помогне во спречување на катаракта и макуларна дегенерација поврзана со староста.
Зелена група: Во оваа група се вклучени брокула, прокељ, зелка, кинеска зелка и кељ. Оваа храна содржи сулфорафани, исотиоцијанати и индоли кои ја забрзуваат акцијата на ензимите кои ги уништуваат карцерогените во телото.
Бело-зелена група: Бело вино, лук, кромид, целер и круши, кои се богати со флавоноиди. Растенијата од фамилијата кромид, исто така, содржат алицин, кој го спречува растот на туморите.

Дозволете им на фитонутритиентите од суровата растителна храна да работат за вас!

Истражувањата покажуваат дека слободните радикали, кои се нуспроизвод на дишењето и секојдневните метаболички процеси, ја оштетуваат ДНК и предизвикуваат рак и други болести. Неодамнешните студии покажуваат дека 90% од сите видови рак не се наследени, туку  се предизвикани од оштетувањата на ДНК заради вишокот слободни радикали во организмот, кои можат да се спречат со јадење природна храна богата со фитонутритиенти. Фитонутритиентите во наведените групи на бои, делуваат на посебни ткива и органи и така ги штитат од оштетувањето на кислородот. Како што старееме, продукцијата на слободните радикали се зголемува, а се намалува способноста на организмот да ги апсорбира антиоксидансите и другите хранливи материи со кои е богата суровата растителна храна, а поради тоа природната одбрана на ДНК во нашето тело слабее. Потребата од ДНК одбраната која ја има во природната храна станува многу значајна, а во овој случај, храната според кодот на боите, може да ви помогне да одржите оптимална здравствена состојба.

Експертите за исхрана советуваат да јадете барем по една порција дневно од секоја од седумте групи храна. За да ги консумирате тие дневни порции, нема потреба да гледате во сложени табели, формули и разновидни листи. Со Vitamix® машината, имате 400 вкусни, рецепти од сурова природна храна кои можат да се направат за само неколку минути. Vitamix® машината е толку моќна што има способност да ја раскине клеточната структура на храната која се обработува со неа, а со тоа ги ослободува сите минерали, витамини, антиоксиданси и други значајни материи, кои што со нормално џвакање на храната не сме во можност да ги апсорбираме во целост, односно ги апсорбираме во многу помал дел. Некои од нив дури и воопшт не можеме да ги апсорбираме, туку ги исфрламе преку интестиналниот тракт.

Дополнителни придобивки!

Фитонутритиентите не се единствената придобивка од консумирањето храна со комплетната палета на бои.  Со природната храна во вашата исхрана додавате и растителни влакна. Растителните влакна се содржат само во овошјето, зеленчукот и целорзнестите житарки. Нив воопшто ги нема во млекото, млечните производи и месото. Па така, консумирајќи овошје и зеленчук, вие ќе се заситите доволно, со што ќе ја намалите потребата да јадете високо калорична храна богата со шеќери и масти, односно ќе внесете помалку празни калории. Дополнителниот бонус е тоа што ќе го намалите вишокот на масно ткиво, со што понатаму ќе го намлите ризикот од многу болести поврзани со дебелината.
Можете да пронајдете одлични рецепти во кои е вклучена оваа извонредна храна, во нашиот Центар за рецепти.
Јас сум подготвен/а да започнам со правење на вкусни, здрави оброци со помош на Vitamix®!
Започнете денес.

 

Победете ги сезонските вируси со зајакнување на вашиот имунитет

Силниот имунолошки систем е најдобриот начин да се одбраните од нападот на вирусот на настинка или грип. Здравата исхрана е безболен начин да се зајакне исцрпениот имунитет и да се подобри способноста на телото да се бори против инфекциите. Еве кратка листа за тоа што треба да има во вашата чинија:

  • Сладок компир, тиква и моркови. Оваа храна е богата со бета-каротен, кој е силен борец против инфекциите затоа што помага во заштитата на слузокожата на носот, устата, грлото и синусите. Пробајте ги: супа со јаболко и тиква или сос од морков и кари.
  • Лук. „Смрдливата роза“ има антивирусни и антибактериски својства, еднакви со неговиот силен мирис! Студиите покажуваат дека лукот ја стимулира активноста на неутрофилите и макрофагите, клетки кои најдобро се борат против инфекциите.
  • Испробајте ги рецептите за хумус или свеж доматен сос.
  • Печурки. Маитаке и шитаке печурките содржат полисахариди - големи синџири од молекули на шеќер со својства за зајакнување на имунитетот. Слично како клетките на бактериите, полисахаридите го залажуваат имунолошкиот систем за да реагира со заштитен одговор за да го одбрани организмот.
  • Пробајте го рецептот за Vitamix® супа со вкус на пица.
  • Компири и банани. На овие производи често им се припишуваат лоши својства, но тие се богати со витамин Б6, познат по неговото позитивно влијание врз имунолошкиот систем.
  • Послужете се со пијалак од нане со лешници или пилешка супа со компир.
  • Пиперки, јагоди, папаја, брокула и домати. Внесете многу витамин Ц! Како еден од најмоќните антиоксиданти, витаминот Ц го форсира производствотот на гама-интерферонот, протеин кој го стимулира производството на бели крвни клетки.
  • Пробајте ги рецептите за пијалак од јагоди и грозје или сосот ´софрито´.
  • Јогурт. Извор на лактобацилус ацидофилус (lactobacillus acidophilus), корисни бактерии кои навистина прават чуда за имунолошкиот систем. Јогуртот помага во намалување на зачестеноста од кашлици, настинка, кивање и отежнато дишење.
    Можете да заштедите пари со правење јогурт во вашата Vitamix® машина.
Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator