Vitamix® е најдобриот соковник затоа што имате придобивки од ЦЕЛАТА ПРИРОДНА ХРАНА

Правење сокови од овошје и зеленчук во Vitamix® машината...
Ги отклучува скриените нутритиенти во семето, лушпите и пулпата!

lifestyle-lose-weight

Сокот, еден од денешните најнови трендови, повторно ги открива традиционалните здравствени придобивки

smoothiegirlСокот е здрава брза храна.

Баровите за сокови и свежи пијалаци никнуваат насекаде во земјава и, во ера на храна која е генетски модифицирана, прерафинирана, обработена и преполна со хемикалии, тоа се добри вести! Истражувањата постојано покажуваат дека луѓето кои јадат големи количини овошје и зеленчук, се со најголема веројатност да имаат долг и здрав живот. Токму затоа, Одделот за земјоделство на САД, според последната „пирамида на исхрана“, препорача да се комсумираат девет порции овошје и зеленчук, заедно со три порции на цели зрна, како дел од 2,000 калории на ден.

Тие девет порции се тешка задача, дури и за најдисциплинираната личност, но Vitamix® сокот од природна храна, може многу да го олесни „јадењето“ на тие девет порции. Дури и подобро, Vitamix® ги прави нутритиентите во овошјето и зеленчукот „побиодостапни“.

 

Што ги прави нутритиентите биодостапни?
Кога велиме биодостапност, мислиме на разликата помеѓу количината на супстанца (лек, хемикалија или нутритиент) на која е изложена некоја личност и реалната доза на супстанцата која ја прима телото. Ако нутритиентот (во храната) е внесен, биодостапноста се однесува на количината која е апсорбирана во цревниот тракт.
Концептот на биодостапност се однесува на тоа дека одредени клучни хранливи материи се наоѓаат во семето и лушпата на овошјето и зеленчукот, и едноставно не можат да бидат апсорбирани доколку само се изџвакаат. Сечилата на Vitamix® ги мелат растителните влакна до раскинување на клеточните ѕидови на тие делови од природната храна, кои се тешки за варење. Како резултат на тоа, се ослободуваат и до трипати повеќе хранливи материи.

 

Соковите од природна храна ја отклучуваат моќта на природната храна
smoothie_powerДобиениот сок ја отфрла пулпата, таму каде што се заробени хранливите материи како витамин А, Ц и Е и минералите како: железо, бакар, јод и магнезиум. Тоа што ќе го добиете со сокот всушност е „здрав шеќер“ – грст хранливи материи и чист овошен шеќер. (Погледнете ја табелата направена од Лабораториите Ланкастер / регистрирани од FDA)

„Vitamix® не ги исфрла најхранливите делови од овошјето и зеленчукот. Моето знаење за исцелителните хранливи материи и растителните влакна содржани во пулпата на овошјето и зеленчукот, никогаш нема да ми дозволи да користам друг соковник кој ја отфрла драгоцената пулпа.“
Д-р Џон Хајнермен - автор на „Енциклопедијата на Хајнермен за исцелителните сокови“

„Во суштина, секој фактор на убавина - кожа, коса, коски и целокупната виталност, драматично зависи од тоа што одбираме да го пиеме. Vitamix® машината не само што ја ослободува секоја хранлива материја заробена со клеточниот ѕид на продуктот, но исто така, ме ослободува од превисокиот трошок, времето и ограниченоста за складирање на продуктите од мојата стара програма.“

Кет Џејмс - автор и водител на ТВ емисијата „Вистината за убавината“,
Основач и креатор на www.informedbeauty.com и Тотална Трансформација®

 

Vitamix® 5200
Неколку сочни придобивки:
5200fruit

 

  • Растителните влакна во Vitamix® сокот од природна храна, дејствуваат заедно со природните шеќери во свежото овошје за да го спречат „нападот на шеќер“ и високиот гликемиски ефект.
  • Vitamix® машината ја скратува работата околу целото овошје и зеленчук - семе, стебла, стебленца и сѐ друго, станува кремасто-мазна смеса за помалку од минута.
  • Чистењето е неверојатно брзо. Само капка сапун во садот до половина наполнет со топла вода, ја завршува работата за 30 секунди!

 

Подобар вкус - повеќе хранливост - помалку пари!
smoothiechart Кога сте излезени, земањето свеж пијалак е здрав избор, но трошокот се зголемува и со само 3 или 4 пијалаци неделно.
Проверете ја табелата за да видите колку можете да заштедите со правење пијалаци од свежо овошје со професионален квалитет или сокови од свеж зеленчук, во вашата Vitamix® машина. Vitamix® комерцијалната опрема за миксирање, може да се најде во многу ваши омилени места и вие може да ја добиете истата моќ и издржливост кога ќе го ставите Vitamix® Супер 5200 во вашата кујна.

 

Vitamix® сок од брокула, кељ и целер
kale_smootie Пијте го за вашите коски, вашите очи и за моќна заштита од болест! Кељот можеби не е првото нешто на кое ќе помислите кога правите свеж пијалак, но дефинитивно е еден од најдобрите. Темните зеленолисни растенија како кељот се пакувани со калциум во форма која телото полесно ја апсорбира, отколку калциумот што се наоѓа во млекото и тоа е вистински бонус за вашите коски. Брокулата дава арсенал на заштитни соединенија, но најзначаен е сулфурорафанот, соединедние кое ги стимулира нашите клетки да произведат детоксификациски ензими кои ги елиминираат хемикалиите што предизвикуваат рак. И брокулата и морковот имаат каротеноиди кои ја спречуваат макуларната дегенерација. Состојките во овој „супер сок“ се комбинирани за да се добие единствен вкус и Vitamix® машината миксира сѐ додека не се добие мазна, кремаста смеса.

  • 2 китки брокула
  • ½ лист од кељ
  • ½ (20г) стебло од целер
  • 2 (100г) помали моркови
  • ¼ (34 г) јаболко
  • ¼ чаша (60 мл) ладна вода
  • ½ чаша (120 мл) коцки мраз

Упатство:
Ставете ги сите состојки во Vitamix® садот, според наведениот ред. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10; и потоа на голема брзина. Миксирајте 1 минута или додека не се изедначи. Послужете веднаш.

 

Vitamix® коктел со цитрусно овошје и морков
citrus_cocktail Освежителен за лето, овој пијалак е совршен за целото семејство и е богат со бета-каротен како превентива од срцево заболување и заштита од рак и алфа-каротен за одржување на ЛДЛ холестеролот во здрав ранг.

  • 1 чаша (240 мл) ананас со сок
  • ½ чаша (120 мл) моркови
  • парче лимон, тенко 3мм со кора
  • 1 чаша (240 мл) коцки мраз

Упатство:
Ставете ги сите сосотојки во Vitamix® садот, по наведениот ред. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10; и потоа до голема брзина. Миксирајте 1 минута или додека не се изедначи. Послужете веднаш.

 

Vitamix® пијалак од пиреј
wheat_grass Вистинскиот потенцијал на пирејот допрва ќе се открива, но медицинските професионалци кои ги препознаваат придобивките од алтернативната медицина, откриле дека пирејот е терапевтски агенс во третманот на разновидни болести - од алергии па сѐ до дијабетес. Долунаведената табела ја покажува нутритивната содржина на 100 г пиреј:

витамин А        23,136 ИЕ (интернационални единици)
хлорофил        543 мг
железо         34 мг
калциум        277 мг
витамин Ц        51 мг
фолна киселина    100 мкг

Извор: „Житната трева, најголемиот дар од природата“ од Роналд Сајболд

1 чаша грозје
½ чаша ананас
½ чаша пиреј
1 чаша мраз

Упатство:
Ставете ги сите состојки во Vitamix® садот. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10, и потоа вклучете го копчето за голема брзина. Миксирајте 1 минута.

 

Vitamix® пијалак од киви и зелен лимон
key_lime_smoothie Кивито е ѕвезда на овој пијалак, а витаминот Ц и растителните влакна се главните антиоксиданти. Растителните влакна се есенцијални за срцевото здравје и за контрола на тежината и има долга листа на здравствени бонуси од витаминот Ц, имуностимулатор, заштитник на коските, против стареење и супермоќ на превенција од болести.

2 (152г) излупени киви, средни по големина
1 (230г) голема зрела круша
1 лажица (15 мл) сок од зелен лимон или тенко парче лимон со кора
2 лажици (30 мл) нектар од агава или мед
¼ чаша (60 мл) вода
1 чаша (240 мл) мраз

Упатство:
Ставете ги сите сосотојки во Vitamix® садот, по наведениот ред. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10; и потоа вклучете го копчето за голема брзина. Миксирајте 30 секунди или додека не се изедначи. Послужете веднаш.
Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator