![]() |
![]() |
Истражувањата продолжуваат и се повеќе покажуваат дека:
Храната што ја консумирате има огромно влијание врз вашето здравје и долговечност
Националниот институт за стареење, потврди дека слободните радикали произведени за време на нормалниот процес на метаболизмот играат значајна улога во секој проблем поврзан со староста, вклучувајќи и дијабетес тип 2, кардиоваскуларни болести, карциноми, Алцхајмерова болест и мозочен удар. Во последниве пет години, се појави импресивно здружение за истражување, покажувајќи дека антиоксидантите во разнобојното овошје и зеленчукот можат да го заштитат телото и мозокот од слободните радикали, како и од последиците од стареењето. Друго ново истражување покажа дека намалувањето на внесот на калориите, исто така, помага да се елиминираат тие "лоши" слободни радикали.
Но, кој е одговорот? За добивање, но не и надминување на енергетските потреби, одлична идеја е првенствено да се консумира храна богата со хранливи материи (овошје, зеленчук и цели зрна). Обработката на оваа храна во Vitamix® 5200 е уште подобра идеја. Една студија од 2008 година на Универзитетот во Торонто, покажа дека со обработката во Vitamix® се раскинува дури и целулозниот клеточниот ѕид на растенијата, и тоа многу подобро отколку со џвакање на истата храна. Добиените честички со помала големина при обработката со Vitamix®, можат да направат вистинска разлика во борбата против слободните радикали. Мнгоу хранливи материи вклучувајќи ги тука и антиоксидантите, минералите и витамините, кои единствено можат да се ослободат кога клеточните ѕидови се раскинати, стануваат достапни за да се апсорбираат во организмот, а со тоа и да се борат против слободните радикали во телото, односно да ги неутрализираат. Со тоа им се оневозможува на слободните радикали да ги направат оштетувањата на ДНК структурата во здравите клетки.
Не ви се потребни додатоци од растителни влакна, доколку поседувате Vitamix® машина!
Додатоци во прав, пијалаци кои одвај можете да ги пиете... Кому му е потребно тоа!
На сите ни се потребни повеќе растителни влакна во исхраната. Но, вештачкиот избор на таблети, пилули, пудри и пијалоци, не се толку добри колку што е здравата исхрана со свежо овошје, зеленчук и цели зрна.
Многу од вештачките производи на пазарот се со засладувачи на база на аспартам, сахарин, цикламат.... а се со цел да се направи поприфатлив вкусот на додатоците во исхраната кои содржат растителните влакна, зголемувајќи го притоа ризикот од рак.
Од друга страна, вашата Vitamix® машина ослободува природни вкусови и ароми од свежото овошје и зеленчукот, а истовремено и нутритиенти кои служат за превенција од болести, и целотот тоа додека уживате во прекрасниот природен сок кој во изобилство содржи природни влакна.
Исто така, растителни влакна има и во вкусниот, топол Vitamix® леб од цели зрна, полн со квалитетни хранливи материи. Лебот од цело зрно е вкусен, ви помага да внимавате на вашата исхрана и е многу поевтин од невкусните додатоци. Комерцијалниот леб произведен од бело брашно не содржи ништо освен празни калории и глутен.
Подготвувањето здрав домашен леб не мора да биде напорна работа. Сега можете да измелете брашно од цело зрно и да го месите вашето тесто, додека не биде готово за печење, и сето тоа во Vitamix® садот. Сѐ е готово за помалку од пет минути. Што може да биде полесно од ова?
Остеопороза: Последни пронајдоци и важни факти

Консумирањето доволно калциум (најмалку 1.000 милиграми на ден) комбинирано со витамин Д е клучната превентивна мерка, но прашањето е дали тоа треба да го направите со земање додатоци? Не, туку исхраната е најдобриот начин да се поправи тоа, односно да се обезбеди доволно калциум за организмот. 99% од калциумот што го внесуваме директно оди во нашите коски. Нискиот калциум, се разбира, не е единствениот ризик-фактор за остеопороза, но е еден од неколкуте што можеме да ги контролираме.
Според Сузан Марфи, научник за исхраната на Универзитетот во Калифорнија - Беркли, најдобриот извор на калциум е здравата исхрана. Само во суровата храна, калциумот е во органска форма која има многу висок процент на апсорбција во организмот. „Пилулите се последниот начин. Земањето премногу калциум во форма на додаток може да биде непријатно или дури и опасно, водејќи до мачнина, гасови па дури и оштетување на бубрезите.“ вели Марфи. Понатаму таа препорачува исхрана со природна сурова храна, затоа што „храната богата со калциум е повкусна и помага во превенција и оздравување од срцево заболување, рак, остеопороза... исто така и од деменција.“ Друга добра причина за да добивате калциум со исхраната, а не како додаток, е и намалениот ризик од камења во бубрезите. Во додатоците со калциум, калциумот не е во органска формам, па заради тоа е потребно да се внесат огромни количини во организмот, а сосема мал дел може да се апсорбира.
Која храна е најдобра за градење на коските? Како што знаете, млечните продукти се на врвот од листата, но консумирањето храна која е богата со протеини од животинско потекло доведува до зголемување на метаболитичките киселини, со што ткивата во организмот се закиселуваат. Поради тоа телото го користи калциумот од коските за да ја зачува алкалноста (во здрав организам, нормалната pH вредност на крвта е 7.35), а тој процес на користење на калциумот од коските, доведува до слабеење, остеопороза и фрактури на коските.
Зеленолисните растенија се храна која е најголем извор на калциум и тоа во високо апсорблива органска форма, а која во исто време има ниска содржина масти и калории. Блитва, кељ, прокељ, рукола, марула, брокула, магданос, лутиче, зелените репи, кинеска марула... сите вие се одлични додатоци во природните сокови, супи и салати. Ако овој зеленчук не ви звучи познато и се двоумите да го пробате, одете пополека со неговото консумирање. Vitamix® машината ви овозможува да ги додавате малку по малку во вашите природни оброци. Затоа консумирајте што повеќе храна од растително потекло, а само во суровата храна минералите се наоѓаат во високо апсорблива органска форма. После термичката обработка на зеленчукот и овошјето, апсорбливоста на минералите се намалува за 10 пати.
Друг добар извор за градење на коските се целите зрна како кафеавиот ориз, просо, јачмен, хељда и пиреј. Vitamix® Супер 5200 оди со неколку одлични рецепти со употреба на цели зрна. Овие зрна исто така се одлични да се додадат во зеленолисните салати, со што имате двојна добивка, повеќе калциум и крцкава структура.
Друго неодамнешно истражување на Министерството за земјоделство на САД, открило дека олигоминералот бор, е корисен во спречувањето на губиток на калциумот и магнезиумот. Борот помага телото да ги синтетизира естрогенот и витаминот Д, па тоа се добри вести, особено за луѓето од било која возраст, кои сакаат да ја спречат остеопорозата, артритисот и другите состојби на слабеење на коските. Магнезиумот, минерал кој помага во апсорпцијата на калциумот, е исто така важен и за изградбата на коскената густина. Целите зрна се одличен извор на магнезиум.
Ако сепак одберете во вашата исхрана да вклучите млечни производи, земајте ги со другите продукти кои содржат калциум како брокула, кафеав ориз и кељ и ќе имате многу „материјал“ за градење на вашите коски.










