Неопходна опрема за исхрана со сурова храна: Vitamix® 5200
Никогаш повторно нема да ви биде потребно да купите блендер или друг кујнски апарат!

Дуплирајте ги придобивките од вашата исхрана со сурова храна подготвена со Vitamix® 5200

Vitamix® 5200 прави сокови, одлично миксира, меле кикиритки за путер, сецка зеленчук, прави десерти од замрзнато овошје, а дури може и да ја затопли храната до потребната температура. Моќниот мотор во комбинација со сечилата од не’рѓосувачки челик и специјално дизајнираниот сад, му овозможуваат на овој уред да извршува повеќе кујнски задачи за само неколку минути, без било какви додатоци.
Vitamix® машината ги раскинува клеточните ѕидови на суровата храна за да ги направи ензимите да бидат повеќе биодостапни. Значајните животворни нутритиенти кои се наоѓаат во пулпата, лушпите и семињата на овошјето и зеленчукот не можат лесно да се апсорбираат само со џвакање на оваа храна. Кога суровата природна храна е обработена до клеточно ниво со помош на Vitamix®, нутритиентите се достапни за да го хранат телото. Обработката на храната до микроскопски честички, исто така, ослободува повеќе арома, па вашите оброци од сурова храна, не само што се похранливи, туку во исто време се многу повкусни кога се направени во Vitamix® 5200.
Овде се наведени некои од најважните фукнции кои може да ги изврши Vitamix® 5200 за да уживате во максимална хранливост и потполна арома во исхраната со сурова храна. Добрата страна од употребата на Vitamix® машината е тоа што сѐ се обработува брзо и оксидацијата е сведена на минимум.

 

Прави сок од сурова храна
Сокот од природна храна е совршен за појадок или за ужина. Кога правите сок во Vitamix® 5200, свежото овошје целосно се обработува. Вкусниот сок се добива во неговата најчиста форма и сите значајни растителни влакна се зачувани. Само ставете го вашето омилено овошје и зеленчук - стебла, семе и сѐ останато - и обработете на голема брзина за само 1 минута. За разлика од сокот кој се добива од соковник, Vitamix® сокот од природна храна ги содржи сите здравствени придобивки во кремаста, мазна и вкусна смеса, исполнета со хранливост и богата со растителни влакна.

Прави свежи супи и сосови
Започнете со свежо и природно, а Vitamix® 5200 го прави останатото за вас. Само додадете сурова храна по ваш избор, зачин по ваш вкус и ќе добиете мазна, кремаста супа или свеж, овошен сос за само неколку минути - без потреба од лупење, вадење семе, цедење или матење.
Експериментирајте неколку пати за да ја добиете правилната температура и времетраење. Резултатите секојпат се совршени, а Vitamix® го олеснува процесот. Вие контролирате што точно има во супата или сосот, загревате до совршена температура, и добивате извонреден природен вкус.

10 најдобри видови сурова храна

Ако не сте целосно подготвени за ја смените вашата исхрана со сурова храна, еве некои популарни видови сурова храна за да ги вметнете во вашата Vitamix® исхрана со природна храна.

  • Зеленолисни растенија - Спанаќ, кељ и раштан се одлични за да ги додадете во салати и свежи пијалаци.
  • Сокови од природна храна - Направени во Vitamix®, свежите сокови се богати со ензими, витамини, минерали и антиоксиданти.
  • Никулци - Најдобрата природна храна за салати или пијалаци, со крцкава структура и богата свежа арома.
  • Алги - Додајте ги во било кој оброк за да ја конзумирате оваа супер храна.
  • Свежи билки - Вообичаените зачини не се „живи“ и ни одблиску не се толку вкусни како што се свежите билки.
  • Суво овошје - Ако копнеете по благо, сувото грозје, кајсиите, урмите и смоквите ќе ви помогнат да го надополните слаткиот вкус.
  • Авокадо - Богато со здрави и корисни незаситени масти, не е потребно готвење.
  • Свеж нектар од агаве - Тој е природен засладувач од пустината кој е совршен за свежи десерти.
  • Масло од кокос - Уште еден продукт кој мора да го имате за правење свежи десерти, кое е одлично и кога е затоплено.
  • Свежо јаткасто овошје - Потопете ги во вода еден ден и потоа измиксирајте ги за да добиете вкусно растително млеко.

Прави смрзнати десерти од сурова храна
Истите прецизни сечила кои ослободуваат топлина од триењето за подготовка на топли супи, исто така, подготвуваат овошен десерт од смрзнати состојки со Vitamix® машината. Смрзнатиот десерт е совршено дополнување на оброк од сурова храна. Кога сечилата го кршат и го сечат замрзнатото овошје, се создава и се зголемува волуменот, а со тоа и количината на смесата од овошјето. Овие микроскопски честички од храната ослободуваат студенило кое брзо предизвикува мешавината „повторно сама да се замрзне“ и да стане пријатен смрзнат десерт. Вкупниот процес одзема само околу 30 секунди. Времето на обработка може да се намали со употреба на тамперот - единствениот алат во обработката со Vitamix®, кој ја насочува храната кон сечилата и го минимизира топењето.

Мелење сурова храна во садот за влажна обработка
Стандардниот Vitamix® 5200 сад за влажна обработка е најдобар за мелење на храна како што е јаткастото овошје, затоа што сечилата ја вовлекуваат мешавината надолу, со што се овозможува брза и ефикасна обработка. Подготвувањето на природен путер од јаткасто овошје е неверојатно едноставно. Сѐ што ви е потребно се свежи кикиритки, масло и минута време во Vitamix® машината за да добиете свеж, топол, природен путер.

Пасирање на сурова храна
Прецизната техника на Vitamix® 5200 ви овозможува да ги направите најдобрите рецепти со блендирање на било која брзина. Тајната е во копчето за менлива брзина кое ги контролира сечилата и обезбедува врвна сестраност во исхраната со сурова храна. Без оглед на тоа дали правите совршено мазен, кремаст прелив за салата, млеко од јаткасто овошје или миксирате зелен свеж пијалак, Vitamix® го прави сето тоа многу лесно. Без разлика што подготвувате или на која брзина, обработката секогаш останува постојана, благодарение на специјалната фидбек контрола (feedback-type control), која ја контролира и приспособува брзината на моторот. Со големата брзина, Vitamix® сечилата вртат со 386 км на час за целосно да се измеле овошјето за свеж пијалак, но кога миксирате путер на брзина од 18 км на час, можете да ја забележите истата постојана сила.

Влажно сецкање на сурова храна
Свежиот зеленчук за подготовка на супи, салати и предјадења, најдобро се сецкаат влажни. На пример, земете зелка и само додадете вода во Vitamix® садот за да се полие зелката и изберете мала брзина за грубо сецкање или голема брзина за фино сецкање. Водата ја вовлекува храната кон сечилата за постигнување на најдоброто сецкање што некогаш сте го виделе. Најдобриот дел е што целиот процес одзема само неколку секунди - и потоа сѐ што треба да направите е да исцедите и да послужите.

Кршење мраз
Тоа е лесно, без напор и е готово за само неколку секунди. Само наполнете го Vitamix® садот со коцки мраз и потоа додадете вода додека коцките не почнат да пловат над сечилата. Вклучете на голема брзина за 3 секунди, истурете ја водата и готово е. Мразот секојпат се крши со подеднаква големина, па е совршен за пијалаци, корнети за децата или за пакување на храна кога одите на пикник.

Суво сецкање на сурова храна
Сувото сецкање во Vitamix® машината е совршено за сурова храна како моркови, маслинки и кромид. Брзината која ќе ја одберете, ќе ја одреди текстурата - но сите овие тешки задачи секојпат совршено се извршуваат со Vitamix® менливата брзина. Едноставно гледајте на тоа, колку поголема брзина, толку пофино сецкање. Сѐ е многу полесно со помош на Vitamix®.
Забелешка: Сликовита демонстрација на секој од овие клучни процеси за обработка на сурова храна и неколку лесни рецепти се вклучени во готвачот „Да започнеме“. Овој прирачен водич е вклучен со секој Vitamix® 5200.

 

Одберете диета со сурова храна која е најдобра за вас

Суровата храна може да го зголеми внесувањето нутритиенти, вашето ниво на енергија и може да помогне да ја намалите или одржите идеалната тежина. Суровата храна содржи ензими кои помагаат во дигестијата. Познато е дека овие ензими, кои ги регулираат метаболичките процеси на телото, се уништуваат кога храната се загрева над 40-50° С. Бидејќи јадењето храна без ензими ја отежнува дигестијата, добиената токсичност се смета дека е причина за дебелина и хронични болести.
Има многубројни популарни варијанти на диета со сурова храна. Овде се наведени некои од најопштите диети со сурова храна и храната која е вклучена со нив:

Диета Сурова храна која е вклучена

Сурова храна

Веганизам со сурова храна

Вегетаријанизам со сурова храна

Свежо овошје

Храна од сите групи на храна, загреана на темп. под 50° С

Овошје, зеленчук, јаткасто овошје, семе, изртени зрна и мешунки

Овошје, зеленчук, стебла, семе, житарки, мешунки, млечни производи, јајца, мед

Овошје, јаткасто овошје, семе и понекогаш изртени зрна и мешунки

 

Зелени свежи пијалаци и начинот на живот со сурова храна

Зелените пијалаци или зелените сурови напивки стануваат сѐ повеќе популарни и се значаен дел од исхраната со сурова храна. Многу здравствени експерти ги сметаат зеленолисните растенија, како што се: спанаќ, раштан, кељ и синапови лисја, за најхранливи од сите видови храна. Антиоксидантите во зеленолисните растенија кога редовно се консумираат, го засилуваат имунолошкиот систем, го помагаат срцевото здравје и обезбедуваат голема енергија.
Многу луѓе го одбегнуваат јадењето зеленолисни растенија поради нивниот вкус и текстура, па заради тоаја губат значајната хранливост. Зеленолисните растенија имаат малку горчлив вкус и поголеми количини од нив се тешки да се земаат. Сепак, вистинскиот проблем е нивната текстура. Лисјата се толку жилави што џвакањето до потребната состојба за да се ослободат хранливи материи е речиси невозможно. Овде настапува Vitamix® машината!
Богатиот, кремаст и вкусен зелен свеж пијалак добиен од зеленолисните растенија совршено ги решава и двата проблема. Вкусот на зеленолисните растенија е прикриен со природно благото овошје како ананас, банана и грозје, а Vitamix® 5200 ги обработува лушпите, семките и жилавите лисја  во сосема мазен и вкусен пијалак.
Испробајте го Vitamix® рецептот за зелен свеж пијалак - но само во моќната Vitamix® машина, ќе бидете изненадени колку многу ќе го сакате!

Ентузијастите дискутираат за придобивките од диетата со сурова храна

Луѓето кои започнале начин на живот со сурова храна, веруваат дека ваквата исхрана влијае поволно на телото, како внатрешно така и надворешно. Тие веруваат дека консумирањето сурова храна може да го намали ризикот од хронични болести и да му помогне на телото со состојбите поврзани со староста.

Неодамнешните студии покажаа дека готвењето може да ја подобри способноста на телото да ги апсорбира нутритиентите кои се наоѓаат во лушпите и семето на одредена природна храна, затоа што готвењето започнува да ги заслабува оние делови од храната кои тешки за дигестија. Убавината со Vitamix® Супер 5200 е тоа што оваа неверојатна машина ја има можноста да се пробие до клеточните ѕидови на природната храна - дури и до оние кои се најтешки за дигестија, и тоа додека се свежи, без потреба од висока температура.

Раскинувањето на клеточните ѕидови ги прави биодостапни нутритиентите кои можат да помогнат во превенција и во борбата против болестите. Многу книги ги нагласуваат придобивките од исхраната со сурова храна. Овде се наведени неколку, кои ние ги ревидиравме:

  • Наталија Роуз, автор на "Енергија на животната сила со сурова храна": Влезете во тотално нова стратосфера на губење тежина, убавина и здравје, ја смета суровата храна како помагател во детоксифицирање на телото и во добивање на поголема енергија, почиста кожа и посјајна коса.
  • Алиса Коен во нејзината книга “Живеење со жива храна“, ја промовира исхраната со сурова храна како одличен начин да го вратите времето и повторно да добиете младешка енергија.
  • Тонија Заваста, друга застапничка на суровата храна и автор на неколку книги за сурова храна вклучувајќи ja и "Убави со сурова храна" и "100 Дена на 100% сурова храна", открива многу начини со кои суровата храна може да им помогне на луѓето да изгледат и да се чувствуваат поубаво, со подмладување и ревитализација на телото однатре.
  • Викторија Бутенко во нејзината книга „Зелено за здравје“ ја открива убавината на зелените свежи пијалаци како најдобар начин за исхрана на луѓето со сурова храна или било каква исхрана -  да консумираат зеленолисни растенија богати со антиоксиданти.

Исхраната со сурова храна може да помогне во специфични медицински состојби. Неколку студии, книги и статии за одредени теми се наведени подолу:

  • Ревматоиден артритис - Според една статија во Folk Medicine Journal, постот со сок од свеж зеленчук, може да помогне во олеснувањето на симптомите на ревматоиден артритис. Исто така, може да се ублажи и остеоартритисот.
  • Рак на дебело црево - Според една студија објавена во Дневникот за епидемиологија, зголемената консумација на свежо овошје кое е богато со антиоксиданти, може да го намали ризикот од рак на дебелото црево.
  • Дијабетес - Сергеј Бутенко, еден од членовите на добро познатото „семејство на сурова храна“ се изборил со младешкиот дијабетес со помош на сурова храна. Откако Сергеј и неговото семејство биле неколку месеци на исхрана со сурова храна, тој рекол: „Моите симптоми (дијабетес) целосно изчезнаа, а мојата тежина продолжи да се намалува.“
  • Мигрена - Д-р Макс Герсон, основач на Институтот Герсон, кој е посветен на алтернативната медицина, вели: „Исхраната со малку масти, протеини и житни продукти, а со големи количина на свежи сокови од зеленчук и друг вид на сурова храна, ефикасно помага при главоболките од мигрена.“
  • Колитис - Пол Нисон, готвач на сурова храна и автор на Сурова храна 1 и Сурова храна 2, боледувал од колитис и му било кажано дека е неизлечив. Според Нисон: „Откога сум 100% на сурова храна, не само што исчезна колитисот, туку се чувствувам подобро од кога и да е, а станав и поинспириран за животот.“

Проверете искуствата со исхраната со сурова храна на овие и на други ентузијасти, за да научите повеќе за животот со сурова храна.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator