Сите вегетаријанци ја сакаат Vitamix® машината!

Вегетаријанците, луѓето кои се на сурова храна и оние кои само сакаат да јадат поздраво, сега имаат тајно оружје, кое го прави нивниот начин на живот лесен и забавен. Тоа се оние кои имаат Vitamix® машина во својата кујна!

veganЗошто? Може да биде тешко да се пронајдат нови начини за да се подготват свежо овошје, зеленчук и цели зрна во вкусни оброци, без притоа да се троши многу време; време, кое може подобро да се потроши на други активности.

Со Vitamix® машината, имате цело ново мени на избор - најдобрите свежи пијалаци за само 1 минута, вкусни жешки супи за само 7 минути и вкусни смрзнати наслади за 2 минути, без ниту еден додаток.

Поради уникатниот дизајн на Vitamix® машината, уште долго, долго време нема да имате потреба да купите замена. Всушност, ние секојдневно добивме писма и е-пошта од корисниците кои кажуваат колку се издржливи и сигурни нивните машини и покрај секојдневната употреба.

Што е тоа што ја прави Vitamix® машината поразлична од другите?

Vitamix® машината не е блендер или соковник. Таа е многу повеќе од тоа. Хируршките сечила од не’рѓосувачки челик ротираат со брзина од 386 километри на час, здробувајќи ја природната храна до клеточно ниво.

Драгоцените нутритиенти кои се наоѓаат внатре во пулпата, лушпата и семето на овошјето и зеленчукот, не можат да бидат апсорбирани, затоа што фитонутритиентите се заробени во растителните клетки, кои треба да се раскинат.

Vitamix® машината ги раскинува клеточните ѕидови на суровата, природна храна за да направи овие фитонутритиенти да бидат повеќе биодостапни.

Прочитајте повеќе за тоа како со Vitamix® машината можете да добиете и до 3 ПАТИ ПОВЕЌЕ ЛИКОПЕН од доматите и од другите продукти.

novsalered5200Vitamix® машината                 
... ја скратува работата
на преку 50 тешки кујнски
задачи. Ова е ЕДЕН, неверојатен
уред, кој ја заменува работата на 10
без ниту еден додаток!

„Јас го имам мојот Vitamix® повеќе од 6 години, и нема споредба.“    - Вилтон Б., Далас, Тексас

 

“Колку што сме импресионирани од долговечноста и служењето на нашиот Vitamix®, толку повеќе сме импресионирани од компанијата која стои зад него.“- Давид Д. Вестон, Флорида

 

„Vitamix® е чудесен изум. Јас го користам за да направам сокови, разновидни сладоледи, а исто така, ги сакам и супите. И Vitamix® се чисти сам! Vitamix® прави сѐ - да можеше да ги собере и нашите садови во него, ќе можевме да ја замениме и нашата машина за садови.“- Дик Е., Спрингфилд, Илиноис

Размислувате за вегетаријански начин на живот?

vegiesСтудиите постојано го покажуваат убедливиот доказ дека јадењето повеќе овошје, зеленчук и цели зрна, ја подобрува енергијата, здравјето и долговечноста. Во исто време, консумацијата на месо придонесува за цела низа здравствени проблеми.

 

Па, дали е време за промена?

Кои се придобивките и дали е тешко?

За многу луѓе првиот чекор е она
што се нарекува „полувегетаријанец“

Калциум и исхрана без млечни производи

Многу луѓе се колебаат за да го прифатат веганскиот начин на живот или било која исхрана без млечни производи, поради стравот дека нивната исхрана ќе биде сиромашна со калциум. Всушност, денешната „мода“ за внесување големи количини калциум се базира на недоразбирање за тоа како телото го користи овој минерал.

Една од улогите кои ги има калциумот во телото, е неутрализирање на киселоста која се создава во телото со јадење на животински протеини. Кога ќе се изеде киселата храна, како што е месото, телото се обидува да ја поврати алкалната состојба со земање калциум, кој не го зема од храната, туку од коските.

Денешните популарни препораки за внесување 1,000 мг калциум на ден, се базираат на типичната американска исхрана која содржи 4 пати повеќе протеини од потребно. Кога тие непотребни протеини се елиминираат од исхраната, каква што е веганската исхрана, потребите за калциум се многу помали.

Со помала потреба од калциум, зеленолисниот зеленчук - кој е природно богат со калциум, како и со железо, магнезиум, витамин Ц и многу од Б витамините - претставува еден одличен извор.

Богати со калциум се и: зелениот грав, брокулата, смоквите и меласа сирупот. Тофу, се разбира, е еден од најдобрите извори на калциум и протеини.

Проценето е дека 5.7 милиони Американци се сметаат за вегетаријанци

Покрај тоа, повеќе од 14 милиони луѓе се сметаат себеси за „полувегетаријанци“.

Полувегетаријанство се дефинира како повремено јадење риба, пилешко или црвено месо, но подразбира и подготвување на предјадења од овошје и зеленчук за повеќето оброци.

Луѓето ги испробуваат вегетаријанските рецепти неколкупати неделно за лично да се уверат во многуте успешни приказни за зголемена енергија, контрола на тежината и подобро здравје.

Откријте ги кулинарските авантури кои се возможни со широка разновидност на свежото овошје и зеленчук што денес се присутни на пазарот. Одберете ја бојата! Зеленчукот и овошјето со темни пигменти обично се богати со антиоксиданти за превенција од болести. Брокула, зеленолисен зеленчук, зрнести плодови (јагоди, малини, капини итн.), црвени, жолти и зелени пиперки и домати, ќе ви овозможат разновидност, вкус и здрави фитонутритиенти кои се наоѓаат само во суровата природна храна.

Ако размислувате да станете „полувегетаријанец“, вашата Vitamix® машина може да ви го олесни преминот.

„ Јас трошам помалку пари на природна храна, се исхранувам поздраво и дефинитвно живеам попаметно.“

„Драг Vitamix®,
Го купив Vitamix® минатото лето и сега можам да направам сок секогаш кога ќе посакам. Можноста Vitamix® да се исчисти сам, ми заштедува време!“

„Благодарение на Vitamix®, јадам повеќе природна храна и имам придобивки од природната детоксификација и го зголемив внесувањето на растителни влакна и антиоксиданти.“ - Пола Т., Сан Антонио, Тексас

Веќе сте вегетаријанец/ка?

Блендирање со високи перформанси за сите вегетаријанци

Вегетаријанец, оволактовегетаријанец, лактовегетаријанец, веган, доследен вегетаријанец, луѓе на сурова храна.

Главна тема за сите овие начини на живеење кои веќе ги знаете, е дека јадењето повеќе свежо овошје и зеленчук, ви дава повеќе енергија и подолг, поздрав живот.

Блендерот и/или соковникот е веројатно значаен дел од вашата дневна рутина. Како искусен корисник на овие уреди, ќе го цените тоа што Vitamix® машината може да го направи за вас.

„Јас го добив Vitamix® за Божиќ. Бев воодушевена. Со години ги гледав вашите демо-снимки, и отидов и купив евтин соковник. Минатата година го купив соковникот на Jack Lalane за 139 $. Само отпад, а без сок. Го подарив.“ - Карол А., Беверли, Масачусетс

„ Колку што сме импресионирани од долговечноста и служењето на нашиот Vitamix®, толку повеќе сме импресионирани од компанијата која стои зад него.“- Давид Д. Вестон, Флорида.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator