Хранливи зелени пијалаци:
Свртете нов лист!

  • Зелениот пијалак изгледа прекрасно! Тој е зелен и свеж - едноставно знаете дека е добар за вас.
  • Благоста на овошјето во зелениот пијалак целосно ја маскира природната горчина на зеленолисните растенија.
  • Колку што повеќе додавате зеленолисни растенија во вашата исхрана, толку повеќе ќе имате потреба од нив.
  • Обработката во Vitamix® е единствениот начин да добиете уедначено мазен, кремаст и вкусен зелен пијалак.
  • Уживајте во правењето на вашите зелени пијалаци со лесни рецепти

Одличен вкус со прекрасна хранливост

Зелените пијалаци не само што имаат уникатна боја, туку даваат и единствени здравствени придобивки. Подготвени од зеленолисни растенија, кои што се полни со антиоксиданти и витамини, зелените пијалаци се одличен начин да уживате во вкусна напивка, која го задоволува гладот и дава максимална хранливост. Можеби мислите дека преобразувањето на зеленолисните растенија во мазен, сладок пијалак може да биде предизвик - и токму тоа е - за секој друг кујнски уред, освен за Vitamix® 5200.

green_smoothiesVitamix® 5200 има единствена способност да ги раскине клеточните ѕидови на состојките од зелениот пијалак и да ги претвори во пијалак кој е „мазен“! Обработката во Vitamix® ослободува феноменален вкус, прави пијалак које неверојатно мазен и кремаст, и прави значајните хранливи материи да бидат повеќе биодостапни.

Еве краток преглед на нутритивните придобивки од зеленолисните растенија: зеленолисните растенија се богати со хранливи материи. Тие се одличен извор на немлечен калциум, магнезиум и витамин Ц, содржат каротеноиди кои можат да помогнат во заштитата против мускулната дегенерација и се чувари од срцеви заболувања и рак. Повеќе за здравствените придобивки, видете подолу.

Колку и да се добри зеленолисните растенија, само со џвакање не може да се ослободи нивната неверојатна хранливост. Кога суровата, природна храна во Витамикс се меле до клеточно ниво, хранливите материи веднаш стануваат достапни за вашето тело. Работејќи на најголемата брзина, Vitamix® сечилата од не’рѓосувачки челик и прецизно дизајнираниот сад, брзо создаваат зелени пијалаци, сведувајќи ја оксидацијата на минимум. Нема ништо друго со сличен квалитет на зелените пијалаци направени во Vitamix® 5200!

СОСТОЈКИ

  • Здравствените придобивки од кељот... +

    Кељот е вид на зелка и е поврзан со брокулата, карфиолот и прокељот. Има многу малку калории и содржи повеќе хранливи материи од сите други зеленолисни растенија. Кељот е одличен извор на витамин К, кој е есенцијален за коските и здравјето на крвта, и помага со посредување во коагулацијата и антикоагулацијата. Сулфорафан е хемикалија која се наоѓа во кељот, прокељот и брокулата. Една студија објавена во Drug Discovery Today покажала дека сулфорафанот може да помогне во запирањето на растот на малигните клетки. Универзитетот во Тексас спровел студија со која се покажало дека исхраната богата со кељ може да го спречи ракот на мочниот меур до 29%. Кељот може да помогне, исто така, и кај ракот на јајниците. The Nurse’s Health Study дошле до заклучок дека кај жените чија исхрана била богата со каемферол, флавоноид кој се наоѓа во кељот, имале 40% намалување од ризикот за рак на јајниците.Со снабдување на телото со доволно калциум, бакар и манган, кељот може да помогне во апсорпцијата на железото и да го спречи губитокот на коскена маса.

    За вкусен, зелен, традиционален пијалак, пробајте го Пијалакот од кељ и круша направен во Vitamix® 5200. Со само една чаша кељ, овој зелен пијалак обезбедува двапати повеќе од дневната потреба на витамин А и седумпати повеќе од препорачаната количина на витамин К.

  • Здравствените придобивки на марулата... +

    Марулата, како и кељот, е нискокалорично зеленолисно растение, богато со хранливи материи, Марулата помага во дигестијата и го подобрува здравјето на црниот дроб. Исто така, може да го намали ризикот од срцево заболување, мозочен удар и катаракта и да ја олесни несоницата на нервна база. Марулата е добар извор на фолна киселина која е позната по тоа што ги намалува оштетувањата на нервните цевки, како што е спина бифида (незараснат завршеток на 'рбетниот столб). Асоцијацијата Спина Бифида од Јужна Австралија, вели дека зачестеноста на спина бифида може да се намали и до 70% со внесување доволна количина фолна киселина пред или за време на првите три месеци од бременоста. Марулата, исто така е добар извор на железо и витамин Ц и според Националниот институт за срце, бели дробови и крв, марулата може да помогне во борбата против анемија.

  • Здравствените придобивки на спанаќот... +

    greenbev_girlСпанаќот е познат по тоа што е ´тајната´ на легендарната сила на Попај и претставува вистински нутритивен центар, кој е одличен за зелени пијалаци. Една студија на Универзитетот Харвард покажала дека жените кои јаделе спанаќ повеќе од петпати неделно, имале 47% намалување на ризикот од операција на катаракта, споредено со тие кои јаделе спанаќ помалку од еднаш месечно. Според Американската Фондација за макуларна дегенерација, лутеинот, кој се наоѓа во спанаќот, може исто така да придонесе во зачувување на очното здравје со намалување на ризикот од макуларна дегенерација. Витаминот А и витаминот К се најзастапените витамини во спанаќот и се познати по тоа што помагаат во регулирање на крвотокот, го одржуваат здравјето на коските, го чуват клеточното здравје и помагаат клетките во телото да растат нормално.
    Доколку Попај поседуваше Vitamix® 5200, Емералд пијалакот ќе беше здрава и вкусна ужина; добра промена за разлика од јадење спанаќ директно од конзерва!

  • Здравствените придобивки на раштанот... +

    Раштанот е многу сличен со кељот. Како и кељот, тој исто така содржи фитонутритиент, сулфорафан, за кој во една студија објавена во Drug Discovery Today, се покажа дека го стопира растот на малигните клетки кај ракот на дојка. Раштанот, исто така, е добар извор на витамин А, витамин Ц и витамин Е и заедно, овие антиоксиданти ги разоружуваат слободните радикали и можат да спречат да биде направена значителна штета на животворните молекули како што се ензими, мембрани, митохондрии и ДНК. Вклучете го раштанот во вашиот зелен пијалак за да добиете одличен изор на калциум, кој помага во одржувањето на силата и густината на коските и исто така, може да помогне во спречување на остеопороза.

  • Здравствените придобивки на магдоносот... +

    green_smoothieИако обично се употребува како украс или предјадење, додавањето магдонос во зелениот пијалак е паметна одлука. Магдоносот содржи уникатни етерични масла како што се миристицин, лимонен, еугенол и алфа-тујен. Како што беше објавено во Списанието за земјоделство и прехранбена хемија, се покажало дека етеричните масла, а особено миристицинот, го инхибираат формирањето на тумор, особено во белите дробови. Флавоноидите како што е лутеолин, се присутни во магдоносот и служат како антиоксиданти. Тие помагаат на тој начин што се спојуваат со високореактивните радикали на кислородот и помагаат да се спречат клеточните оштеувања предизвикани од кислород. Додавањето магдонос во зелениот пијалак направен во Vitamix® 5200, освен што ќе му додаде вкус, дури може и да го намали ризикот од рак. Бонусот е тоа што вашиот здив ќе биде свеж.

Рецепти

Пијалак од кељ и круша

green_smoothie Кељот можеби не е првото нешто на кое ќе помислите кога правите свеж пијалак, но дефинитивно е еден од најдобрите. Темните зеленолисни растенија како кељот се богати со калциум во форма која телото може полесно да ја абсорбира, отколку калциумот што се наоѓа во млекото - и тоа е вистински бонус за вашите коски. Спојте ги овие хранливи, но горчливи листови со круша, зелено грозје, портокал и банана, и ќе добиете изненадувачки сладок пијалак кој е преполн со хранливост.

Зеленото грозје помага во подобрување на циркулацијата и ги спречува згрутчувањата на крвта, додека семето содржи заштитни флавинолски соединенија кои се борат против слободните радикали и ги обновуваат сврзните ткива. Портокалот со помош на големиот засилувач на имунитетот - витаминот Ц, заштитува од настинки, грип, срцеви заболувања и мозочен удар. Бананите се спојувачките средства во пијалакот, но тие исто така се богати со калиум кој го намалува холестеролот.


Се добиваат: 4 чаши (960мл)
Брзина: менлива до висока
Време: 1 ½ минута
  • 1 чаша зелено грозје
  • 1 излупен портокал
  • ½ круша
  • 1 банана, свежа или замрзната
  • 1 чаша кељ
  • ½ чаша вода
  • 2 чаши мраз


Упатство:
Ставете ги сите состојки во садот и прицврстете го капакот. Изберете менлива брзина -1 . Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10, а потоа на голема брзина за 1 ½ минута. Исклучете ја машината. Послужете веднаш.

За 4 чаши.
За 1 чаша: 102 калории, 2г протеини, 0г масти, 26г јаглехидрати, 3г растителни влакна, 10мл натриум, 15.5г шеќер.

Зелен пијалак

green_smoothie

Зелениот пијалак се препорачува како вистинска „експлозија од храна и енергија која дава сила преку целиот ден“.
Овој вкусен пијалак се одликува со ниска содржина на масти, натриум, без холестерол, здрав е за срцето, без глутен, вегетаријански, вегански и свеж!

Се добиваат: 4 порции

  • 2 банани
  • 3 излупени портокали, поделени на четвртина
  • 1 марула
  • 4 чаши ладна вода


Упатство:
Ставете ги сите состојки во Vitamix® садот по утврдениот редослед. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете менлива брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10; потоа, изберете голема брзина за 1 минута или додека сѐ убаво не се измеша.
Послужете веднаш.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator