Тоа што го правите токму сега, може да ви помогне да го намалите ризикот од рак на дојка.
| Vitamix® ја поддржува Сузан Г. Комен за Лекот® |
![]() |
![]() |
... историјата на ветувањето Во 1982 година, Ненси Бринкер и вети на својата сестра Сузан Г. Комен дека ќе направи сѐ што е во нејзина моќ за да стави крај на ракот на дојка, болеста која подоцна ќе и го одземе животот на Сузан. Тоа ветување стана фондација на Сузан Г. Комен за Лекот® (поранешна Фондација на Сузан Г. Комен за рак на дојка) и го лансираше глобалното движење за ракот на дојката. Првата трка на Комен за Лекот® го шокираше градот Далас кога 800 одлучни жени во патики ги запоседнаа улиците за да соберат пари за истражување на ракот на дојката. До денес, приближно 1 милијарда долари собрани од Комен, се инвестирани во медицински истражувања, законодавни иницијативи и општински теренски програми, чија цел е изнаоѓање лек за рак на дојка. Ненси Бринкер се надевала дека ќе го пронајде лекот за десет години. Иако тоа не се случило, движењето на Ненси кај обичните луѓе, засекогаш го сменил начинот на кој луѓето зборуваат и го третираат ракот на дојката, и го променил терминот ´пациенти со рак на дојка´ во ´преживеани од рак на дојка´. Во 2008 година е обележана 26-годишнината од нејзината посветеност на ветувањето кое и го дала на својата сестра Сузан. |
![]() |
| Пијалак Розова лента |
![]() |
Главните состојки на новиот свеж пијалак, наречен „Пијалак Розова лента“, се свежите градинарски јагоди и црвеното грозје кои содржат фитохемикалии кои се борци против болеста и ги има природно во свежото овошје и зеленчук, како и во житариците. Докажано е дека јагодите содржат високи нивоа на елагична киселина, докажан антикацероген, антимутаген и антирак иницијатор. Грозјето содржи ресвератрол, за кој е докажано дека го спречува растот на карциномните тумори. Според д-р Ендрју Даненбург од Универзитетот Корнел - Медицински факултет, неодамнешното истражување за ресвератолот покажало дека тој го спречува развојот на еден ензим кој обично се поврзува со ракот на дојката. |
Убавината од користењето на Vitamix® машината за да се направи овој рецепт, е тоа што ќе ги ослободите моќните фитохемикали кои се наоѓаат во јагодите и грозјето и ќе ги направите повеќе биодостапни. Со Vitamix® обработката, буквално се раскинуваат клеточните ѕидови на природната храна за да се ослободат хранливите материи кои поминуваат недигестирани кога храната само се џвака.
- 1 чаша црвено грозје
- 1 чаша свежи јагоди
- 1 тенко парче свеж ѓумбир
- ½ чаша обезмастен јогурт од ванила
- 1 чаша коцки мраз
Упатство
Ставете ги сите состојки од наведената листа во Vitamix® садот. Прицврстете го дводелниот капак. Изберете МЕНЛИВА брзина 1. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до 10, па до ГОЛЕМА брзина. Мешајте 30 секунди или додека не се изедначи. Се добиваат 2-1/2 чаши.
Посетете го Vitamix® центарот за рецепти, за уште одлични рецепти.
| Vitamix® 5200 | Vitamix® машината ги отклучува скриените хранливи материи во природната храна за да се спротистави на болеста и да ви овозможи подолг и поздрав живот.
|
![]() |
| Студијата на Американскиот институт за истражување на ракот ја нагласува важноста на природната исхрана |
Неодамнешниот извештај на Американскиот институт за истражување на ракот насловен „Храна, исхрана и превенција од рак: Глобална перспектива“, проверила повеќе од 4 500 студии за поврзаноста помеѓу исхраната и ракот на дојката. Извештајот покажал дека исхраната богата со разновидно овошје, зеленчук и мешунки, значајно го намалува ризикот од рак.
Се мисли дека, разновидноста од растителната природна храна е поделотворна за разлика од ефектот на изолирани додатоци и витамински пилули. Според Ритва Бутрум, доктор по наука, „ Клучот е концептот од синергија. Идните напори за борба против ракот веројатно ќе осврнат кон приспособување во исхраната, отколку кон една магична пилула.“
| Улогата на растителните влакна во превенцијата против ракот на дојката |
Проект за рак е организација посветена на подобрување на превенцијата од рак и преживување, преку едукација и истражување за исхраната.Оваа организација смета дека растителните влакна се есенцијални во способноста на телото да го елиминира вишокот естрогени хормони, кои можат да придонесат во зголемување на ризикот од рак на дојка. Како што црниот дроб ги филтрира естрогените од крвта, така ги праќа преку жолчните канали во цревниот тракт, каде што растителните влакна ги впиваат и ги исфрлаат надвор од телото.
Една неодамнешна шведска студија покажа дека жените кои повеќе внесуваат растителни влакна за време на дијагнозата на рак, имале помали тумори од жените кои косумирале многу малку растителни влакна. Во студијата, кај жените кои имале „поголемо внесување на растителни влакна“ тоа во просек изнесувало околу 19 грама растителни влакна на ден; додека повеќето стручњаци препорачуваат најмалку 30 грама дневно, а оптималната количина на внесување е повеќе од 40 грама на ден.
| Рак на дојка кај мажите |
Американското Здружение за рак утврдило дека до крајот на 2007 година, во САД биле дијагностицирани повеќе од 2.000 нови случаи на инвазивен рак на дојка кај мажите. Иако ракот на дојка кај мажите го има 100 пати помалку отколку кај жените, мажите можеби не се свесни дека и тие се подложни на ризик и затоа можеби ги игнорираат грутките на градите, претпоставувајќи дека тоа се само некаков вид цисти. Поради оваа причина, мажите нема да добијат навремен медицински третман, и, бидејќи имаат помалку градно ткиво, малигните тумори не мора да одат далеку за да стигнат до мускулното ткиво под градите. За мажите, најкритично во прогнозата на ракот, е продолжување на ширење надвор од градите.
Бидејќи ракот на дојка кај мажите е невообичаен, исто така е и мамографијата. Мажите кои имаат повеќе од една женска роднина со рак на дојка, можат да бидат советувани од нивниот доктор да се подложат на мамограм, но сите мажи се советуваат да бидат свесни за било какви промени во нивните гради, посебно по 65-та година.













