Колку добро изгледате, колку добро се чувствувате... Зависи од здравата, природна храна!

Lifestyle-Lose-WeightСамо пред триесет години, идејата дека здравата исхрана може да спречи болест беше апсурдна теорија. Денес тоа е факт. А тоа се одлични вести. Елиминирајте ги од вашата исхрана простите шеќери, пакуваната и обработена храна и започнете да уживате во природните оброци за големи придобивки:

  • витко тело
  • нежна кожа и помалку брчки
  • повеќе енергија
  • позитивен став
  • победа над копнежот за храна

Започнете со мали чекори. Обидете се со една нова здрава навика. Бидете слободни да пробате нови јадења или подгответе ја вашата омилена храна на нов, здрав начин. Преминот кон здрава, природна исхрана изискува време, но Vitamix® машината за природна храна може да ги олесни тие промени. Најдоброто време за подобро здравје е сега - и ќе ви се допадне како тоа ќе изгледа на вас!

 

Го барате најдобриот третман за убавина? Ќе го пронајдете во вашиот фрижидер!

Шминката, маските за лице и третманите за тело, може да направат да изгледате и да се чувствувате добро само привремено, но траен добар изглед може да постигнете само со тоа што го јадете. Добрата сурова, природна храна – е најдобриот пријател на убавината. Во иста мера, обработената, пакуваната „лажна“ храна која содржи шеќер и хидрогенизирани масти е поштетна за важето тело и од лоши изгореници.

berriesЕве како дејствува: Кога преработените јаглехидрати брзо се преобразуваат во шеќер, телото се оштетува со феноменот наречен гликација. Гликацијата е процес со кој се обезбојува и се стврднува храната за складирање – и тоа може да се случи и во вашата кожа исто така! Шеќерот е виновникот кој предизвикува промени на вашиот колаген што резултира со губење на еластичноста на кожата и длабоки брчки.

Совет за мудрите: Станете свесни за гликемискиот индекс на храната која ја јадете и не јадете храна со гликемиски индекс (GI) над 50. Можете многу да се изненадите од тоа колку високо се рангирани некои од вашите омилени видови на храна.
Гликемискиот индекс покажува колку вашиот шеќер во крвта се зголемува за два до три часа по јадење на одредена храна. Висок гликемиски индекс значи висок шеќер, а еве што се случува кога имате висок крвен шеќер: Вашите телесни масти всушност загарантирано ќе останат таму каде што се затоа што не можат да бидат искористени за гориво! Ќе искусите големи напади на глад. И дури ако нивото на внесени калории е ниско, тешко ќе изгубите на тежина со висок крвен шеќер.

Листа на продукти кои мора да ги избегнувате:

  • бел ориз
  • сушено овошје
  • корнфлекс
  • переци
  • ѓеврек

Колку е помал гликемскиот индекс на оброкот, толку е подобро за вашето тело и кожа, уште подобро е за слабеење, а вашето енергетско ниво ќе биде повисоко. Дополнителен бонус од јадењето на храна со низок гликемиски индекс е тоа што копнежот за храна ќе исчезне и ќе јадете само кога вашето тело е навистина гладно.

Листа на продукти кои треба да ги конзумирате:

  • бабури
  • јагодести плодови (јагоди, малини, капини...)
  • диња
  • спанаќ
  • лосос

Исхраната со низок гликемиски индекс не мора да значи постојано проверување на табели. Во основа е јадење на вистинската храна. Свежите сокови од зеленчук и супите направени во вашата Vitamix® машина се совршен начин да добиете оброци со низок гликемиски индекс. Можете да одберете од 50 вкусни природни рецепти за сокови во Vitamix® готвачот „ Природни рецепти за подобар живот“ и да експериментирате со ваши комбинации. Супите се едноставни, исто така. Можете да ги направите за 4 минути и од нив имате 50 рецепти, исто така. Уживајте!
За повеќе информации во врска со гликемискиот индекс, одете на www.glycemicindex.com.

 

„Бидете добри спрема себеси“ – Водич за здрава исхрана

h_eatingСите ние сакаме да бидеме поубави, со повеќе енергија и вистински да уживаме во животот. Затоа не ни помислувајте дека здравата исхрана е напорна работа. Само имајте ги на ум овие 10 добри идеи и применете ги!

  • Појадок - секој ден. Појадокот го поттикнува вашиот метаболизам и ви помага да се чувствувате помалку гладни во текот на целиот ден!
  • Размислувајте свежо. Не можете да згрешите кога ќе ја наполните вашата чинија - па дури и вашата чаша - со сурова, природна храна!
  • Ужинка! Ужинката, всушност е одлична за вас, три ужинки и три оброци на ден се најдобро решение. Само ужинките нека бидат со здрава, природна храна.
  • Уживајте во јадењето. Не се измачувајте себеси со јадење на природна храна која не ви се допаѓа. Пронајдете ги оние видови храна кои навистина ви се допаѓаат и јадете ги нив.
  • Не брзајте! Јадете бавно за вашето тело да има време да ги ослободи ензимите во вашиот мозок кој вели „доволно“! Исто така, џвакајте ја добро вашата храна, затоа што дигестијата започнува во вашата уста.
  • Пијте вода! Испијте голема чаша вода околу 15 минути пред јадење. Водата го детоксифицира и подмладува вашето тело, и го спречува прејадувањето.
  • Мала ужинка. Кога ви треба нешто за „грицнување“, тоа нека биде малку. Триесетина грама се навистина сѐ што ви треба.
  • Избегнувајте го шеќерот. Навистина, вашето тело и вашата кожа ќе ви бидат благодарни поради тоа.
  • Јадете риба. Јадете ја за вечера најмалку двапати неделно. Омега 3 масните киселини се одлични.
  • Наградете се себеси. Уживајте во здрава вечера надвор од дома. Купете си џемпер со помала големина. Вие знаете дека го заслужувате тоа.
Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator