yogabeach

 

Колач од младо сирење за здраво срце

cheesecakeВистина е. Обично не ги гледате зборовите „здраво“ и „колач од сирење“ во иста реченица, но оставете на Vitamix® да ви покаже. Тофу и младото сирење се споени за да дадат прекрасна текстура без висока содржина на масти. Употребата само на белките од јајцата го елиминира холестеролот. Vitamix® машината ги миксира состојките до свиленкасто мазна смеса. Резултатот е малку масти, а многу здравје.

И сега доаѓаме до малините. Тие се црвени. Тие се вкусни. И овој неверојатно мазен сос од малини е она што Vitamix® го обработува. Само Vitamix® може да ги растопи малините, семето и се друго, во богат, кадифест сос. А бонусот е - повеќе од неверојатен вкус. Семките од малини обично поминуваат преку телото несварени, а тие се богати со елагична киселина, позната по своите силни превентивни својства против рак. Обработката во Vitamix® ги ослободува сите значајни хранливи материи од ова мало, неверојатно овошје, кое неодамна од тим истражувачи од Центарот за рак на Државниот Универзитет во Охајо, е рекласифицирано како "fruitaceutical“.

Состојки:

  • 350 г тврдо тофу сирење
  • 450 г (2 чаши) младо сирење (1 ½ % млечни масти)
  • 2/3 чаша шеќер
  • 2 лажици сок од лимон
  • 2 лажици скроб од пченка
  • малку сол
  • 4 белки од јајце
  • 3 лажици трошки од Грахам крекери
  • 350 г малини, одмрзнати или свежи
  • ¼ чаша шеќер (или друг засладувач, по вкус)


Упатство:
Загрејте ја рерната на 350°. Дното и страните на кружен калап испрскајте ги со нелеплив спреј. Комбинирајте ги тофу, младото сирење, шеќерот, сокот од лимон, скробот од пченка, солта и белките во Vitamix® садот за влажно миксирање. Започнете со менлива брзина 1, брзо зголемете ја брзината до 10, па вклучете го копчето за голема брзина 1 минута. Додека работи Vitamix®, трошките од Грахам крекери, распоредете ги рамномерно на дното од калапот. Полека истурете ги измешаните состојки во калапот. Печете  1 час на средната полица на 350°.

Прелив од малини
Ставете ги малините и шеќерот во садот за влажно миксирање. Започнете со менлива брзина 1, брзо зголемете до 10, па вклучете го копчето за голема брзина 3 минути. Послужете го топол или ладен.

 

Последните истражувања за здраво срце

Клучот е превенција со здрава исхрана.

coupleСрцевото заболување ги засега 60 милиони Американци и е водечка причина за смртта на возрасните во САД. Проценетите 1,100,000 нови или повторни срцеви удари, се случуваат годишно, што значи дека на секои 20 секунди, некој добива срцев удар. Една третина од овие случаи, ќе завршат со смрт.

Иако генетското наследство и семејната историја играат улога во добивањето на срцево заболување, се дошло до сознание дека: начинот на живот и здравата храна имаат исто, ако не и поголемо влијание на артериското здравје.

Всушност, во една неодамнешна студија за срцево заболување, објавена во Списанието на Американската медицинска асосцијација (ЈАМА), се споредувале  исхраната со природна храна со третманот со лекови кои го намалуваат холестеролот. Некои од најпознатите такви лекови се Zocor®, Lipitor®, Mevacor® и Pravachol®. Оваа студија за срцето открила дека пристапот со природна храна е толку ефикасен, така  што коментарот кој ја придружува ЈАМА статијата е насловен:

„Најпрво правилен начин на искрана, па потоа лек за холестерол“

Последните студии за истражување на срцето вклучија многу учесници и беа спроведени во тек на повеќе години. Еве резиме од нивните методи и пронајдоци:

Септември 2004: Една студија за превенција од срцев удар вклучувајќи 30,000 субјекти од 52 земји, открила 9 ризик-фактори (од кои сите можат да се контролираат преку исхраната и начинот на живот) кои се одговорни за 90% од срцевите заболувања кај мажите и 94% кај жените - без разлика на расата или земјата во која живеат.

9-те фактори се:

  • Јадењето овошје и зеленчук секој ден го намалува ризикот од срцев удар за 30%.
  • Редовното вежбање го намалува ризикот од удар за 14%.
  • Умерената консумација на алкохол (помалку од 3 пати неделно) го намалува ризикот за 9%.
  • Високиот крвен притисок, речиси го дуплира ризикот од срцев удар.
  • Абнормалните нивоа на ЛДЛ и ХДЛ го зголемуваат ризикот и до 3 пати.
  • Сегашните пушачи имаат 3 пати поголем ризик од срцев удар.
  • Дијабетесот го дуплира ( и повеќе од тоа)  ризикот од срцев удар.
  • Стомачната дебелина го зголемува ризикот за 37%.
  • Постојаниот стрес на работа или дома - го зголемува ризикот за 2.5 пати.

Јули, 2004: Една Харвардска студија спроведена на 71,000 жени над 14 години ги идентификувала ризик-факторите во „западната“ исхрана, која се состои од црвено и обработено месо, рафинирани житарки, слатки и десерти, наспроти „разумната“ исхрана која го нагласува внесувањето овошје, зеленчук, мешунки, риба и цели зрна. Заклучок: Тие со највисок „западен“ резултат, имале 58% повисок ризик од срцев удар.
Јули, 2004: Со едно истражување за превенција од срцев удар, спроведено на 22,000 мажи над 13 години, се заклучило дека исхраната богата со овошје и зеленчук го намалила ризикот од срцев удар и до 41%.
Февруари, 2004: Национален Институт за срце, бели дробови и крв - 4,466 мажи и жени на возраст од 37-66 години, биле вклучени во студија за намалување на холестеролот. Заклучок: Колку поголемо било внесувањето на овошје и зеленчук кај учесниците, толку помало било нивото на ЛДЛ холестерол.
Ноември, 2003: Истражувачите на срцеви заболувања, дошле до сознание дека исхраната со ниска содржина на заситени масти, но богата со растителни влакна, бадеми, соини протеини, зеленчук и овошје, може да го намали холестеролот, исто толку, колку и со користењето на скапи лекови за намалување на холестеролот.
Октомври, 2003: Со друга студија за превенција од срцев удар спроведена на 40,000 индивидуи над 18 години, се дошло до сознание дека тие што дневно консумираат овошје и зелено-жолт зеленчук, имале 20-40% помала веројатност да добијат фатален срцев удар, за разлика од тие што јаделе природна храна помалку од еднаш неделно.

 

Начини и средства: За добивање потполна нутритивна вредност

Вредноста на витамините и минералите: витамините и минералите се познати по тоа што дејствуваат во синергија. Поради тоа, невозможно е точно да се оценат нивните ефекти во изолација. На пример, витаминот А и витаминот Д се потребни за апсорпција на магнезиум и калциум; витаминот Ц дејствува со витаминот Е и витаминот Е дејствува со селенот.

На ова се додава и фактот што содржината на витамини и минерали во нашата храна, многу варира. Истражувачите увиделе дека не можат да се потпрат на нутритивните табели за да ги одредат количините на витамини и минерали кои ги консумираат нивните пациенти. Тие мора да ја анализираат сета изедена храна за да добијат точни бројки - а тоа е скап потфат.

Научниците се обиделе да го заобиколат овој проблем со создавање на синтетички витамини во форма на пилула, но оваа практика, исто така, создала проблеми. На пример, синтетичкиот витамин Д2 додаден во млекото, всушност има спротивен ефект од природниот комплекс на витамин Д, предизвикувајќи декалцификација на цврстите ткива и калцификација на меките ткива, вклучувајќи ги меките ткива на артериите.

Поради оваа причина, витаминот Д2 дискретно беше отстранет како адитив и заменет со витаминот Д3, но има доказ дека синтетичкиот витамин Д3 слабо се апсорбира. Синтетичкиот витамин Е, исто така, има разочарувачки резултати во испитувањата.

Сумирано, витамините кои ги има во природната храна, дејствуваат поефикасно и се потребни во помали количини за разлика од синтетичките витамини. Студиите спроведени на животни, покажуваат дека минералите кои се земени како дел од природната храна имаат повеќе корисни ефекти од тие кои се даваат во форма на додаток.

Истражувањето, исто така, докажа дека природната храна е најкорисниот начин да се земаат витамини и минерали, секој ден. Понатаму, една неодамнешна студија спроведена од страна на Центарот за истражување и научна работа за здравје, покажа дека природната храна обработена во Vitamix® машината, ослободува многу повеќе хранливи материи за разлика од храната која само се џвака. Откритијата покажаа дека Vitamix® машината може да ги зголеми придобивките од природната храна и до 3 пати, затоа што Vitamix® машината ја намалува природната храна до микроскопски честички кои телото може полесно да ги асимилира.

Сите овие медицински информации звучат комплицирано и стручно, нели? Најдобар начин да го ставите ова истражување во пракса е да ја користите Vitamix® машината секој ден. Исхрана која обезбедува најмалку 5 порции свежо овошје и зеленчук, е најлесниот начин да го намалите ризикот од срцев удар. Vitamix® машината ја прави задачата лесна, хранлива и вкусна.

 

Намалете го ризикот од рак и срцево заболување, со моркови!

carrotИстражувањето на Северозападниот Универзитет покажало дека средовечните мажи кои јаделе најмалку еден морков на ден, имале 37% намален ризик на смрт од рак, во споредба со мажите кои не јаделе.

Неодамнешна студија на Универзитетот Рутгерс, покажа дека морковите и другата храна богата со бета-каротен може значително да го намали ризикот од срцево заболување. Бидејќи го консумирате целиот морков, Vitamix® сокот од морков е посебно добар извор на бета-каротен и алфа-каротен и двата се супермоќни антиоксиданти.

Според лабораториите Ланкастер, здравствените придобивки од Vitamix® сокот од моркови, се двапати поголеми од исцедениот сок.

novsaleblack_5200Сокот од целата храна дава шест пати повеќе растителни влакна, кои го прават сокот позаситувачки. Растителните влакна, исто така, ја намалуваат високата концентрација на природните шеќери во морковите и го спречуваат покачувањето на нивото на шеќер во крвта.

Вкусете и проверете сами!

Испробајте ги вкусните Vitamix® рецепти како: Пијалак со морков и суво грозје и Сок од моркови и јаболка со ѓумбир, од готвачот: Рецепти од природна храна за подобар живот. Тоа е нашиот подарок за Вас со вашата Vitamix® машина.

 

Уживајте во портокалот - редовно!

orangeСе бори против инфекциите и му помага на вашето срце. Ова цитрусна суперѕвезда е најдобро позната по тоа што е богата со витамин Ц, кој ги јакне белите крвни клетки за да се одбранат од настинки и грип, и содржи растворливи растителни влакна кои го намалуваат холестеролот.

Но, ова е само почеток. Едно неодамнешно истражување покажа дека портокалите, исто така, се еден од најбогатите извори на хесперидин, антиоксидант кој помага во брзото закрепнување од срцев удар.

Витаминот Ц, исто така, помага во засилувањето на моќта на витаминот Е, уште еден заштитник на срцето. Плус, портокалите помагаат да се спречи зачепувањето на артериите, така што ги олабавуваат (што, исто така, придонесува за намалување на  крвниот притисок).

Многу познати нутриционисти препорачуваат најмалку еден портокал на ден, вклучувајќи ја и пулпата, растителните влакна и албедо (белата материја под лушпата).

За жал, најголемиот дел од растителните влакна и фитонутритиентите, недостигаат во исцедените сокови. Вам ви е потребен целиот портокал - сѐ освен горчливата лушпа.

Добрите вести се: Вашата Vitamix® машина ја има моќта да го претвори целиот портокал - албедо, семките и сѐ друго - во вкусен сок, богат со витамини, кој е подготвен да биде апсорбиран од вашето тело.

Ниеден друг блендер не може да го направи ова.

Vitamix® Супер 5200 Проширете ја добрата исхрана!

5200FruitMdЈа заменува работата на 10 кујнски апарати!

Vitamix® машината е уникатен кујнски уред. Исполнува повеќе од 35 кујнски задачи со леснотија... без никакви додатоци!

Тајната на Vitamix® е во контролата на менливата брзина - плус неговиот неверојатен мотор со 2+ коњски сили. Оваа моќ со голема брзина и дозволува на Vitamix® машината целосно да го сомеле целото овошје и зеленчук, така што вашето тело може да ги консумира сите хранливи материи од храната.

Ова е тоа што ви треба за да ги добиете потребните хранливи материи од храната која ја јадете, за превенција од срцеви заболувања и удари.

Откријте што може Vitamix® машината да направи за вас!

pcbutterСпоред тековната студија спроведена од Универзитетот Харвард на 86,000 медицински сестри, жените кои јаделе 50-120 г кикиритки неделно, го намалиле ризикот од срцево заболување на половина, за разлика од тие кои ретко јаделе кикиритки.
Откријте повеќе и добијте го најдобриот рецепт за путер од кикиритки или од индиски орев...

Рецепт за здраво срце

tofusoupVitamix® супа од морков, ѓумбир и тофу

Бета-каротенот е природен заштитник против срцево заболување и удар.
Се добиваат: 4 ½ чаши (1.0л)
Брзина: менлива до голема
Време: 3-4 минути

  • 4 моркови со средна големина, излупени и преполовени
  • ¼ излупен мал кромид
  • 4 мали главици лук, излупени
  • 2 лажици масло (30 мл)
  • ½ лажица сол
  • малку бел пипер
  • 1 лажица свеж корен од ѓумбир или паста од ѓумбир
  • 1/3 чаша (70 г) тофу-лајт
  • 2 чаши (480 мл) супа од зеленчук со ниска содржина на натриум или пилешка супа
  1. Ставете ги морковите, кромидот и лукот во Vitamix® садот и прицврстете го капакот.
  2. Изберете менлива брзина 1.
  3. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до менлива 4 или 5.
  4. Мешајте 10 секунди или додека не се исецкаат.
  5. Загрејте го маслото во мала тава и потпржете ги исецканите состојки сѐ додека кромидот не стане проѕирен, а морковите меки. Ако е потребно, додадете малку супа.
  6. Ставете ги преостанатите состојки во Vitamix® садот, додајте ги потпржените состојки и прцврстете го капакот.
  7. Изберете менлива брзина 1.
  8. Вклучете ја машината и брзо зголемете ја брзината до менлива 10, па до голема брзина.
  9. Мешајте 3-4 минути или додека пареата не излезе од капакот.
Здравствена класификација: ниска содржина на масти, без холестерол, за здраво срце, вегетаријанска, веганска.
Вид на оброк: Супи.

 

 

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator