Добијте ја ЦЕЛАТА слика

ДоматСурова, брза и лесна!

Сурова
Кога јадете сурова храна, ништо не е забрането, па можете да им кажете збогум на диетите. Овошјето и зеленчукот ви даваат задоволство и колку повеќе јадете, толку подобро ќе се чувствувате и ќе изгледате. Свежото овошје, зеленчук, грав и целите зрна, навистина се клучот до физичко, емоционално и духовно здравје.

Брза
60 СЕКУНДИ за вкусен, свеж, природен сок, богат со растителни влакна. 4 МИНУТИ за жешка, домашна супа. 30 СЕКУНДИ за вкусни, нискокалорични смрзнати сладоледи. 90 СЕКУНДИ до интегрално брашно за домашен леб. Ова е навистина здрава брза храна!

Лесна
400 испробани кујнски рецепти, лесен водич за започнување со употреба и часови за готвење на DVD, ќе ве направат експерт за вашата Vitamix® машина. Всушност, овде започнува забавата. Оваа неверојатна машина ја прави здравата исхрана забавна, затоа што сѐ што ви е потребно се вистинските состојки и вклучување на копчето. Vitamix® ја завршува работата за вас, а дури и се чисти самиот за 30 секунди!

 


 

ПортокалФитонутритиенти

Верувале или не: има 3,859 моќни, фитонутритиенти за борба против болестите кои додатоците во исхраната едноставно не можат да ви ги обезбедат во целост... но вашата Vitamix® машина може да го направи тоа. Додатоците во исхрана се фрагментирана храна, затоа што производителите можат да екстрахираат само околу 150 од овие значајни фитонутритиенти од природната храна. Уште лоши вести за додатоците во исхрана: тие можат да придонесат за кисело pH ниво во вашето тело, а киселото pH ниво всушност ја поттикнува болеста.

Сега добрите вести: Природната храна, богата со растителни влакна и фитонутритиенти, создава алкално pH ниво. На пример, само една чаша од Vitamix® коктелот со портокал и морков, содржи повеќе од 611 биохемиско-комплетни фитонутритиенти. Vitamix® обработката ги отвора клеточните ѕидови за да ослободи максимум хранливост од природната храна, повеќе отколку што можете да добиете на било кој друг начин.

Не одложувајте ги здравствените придобивки кои треба да ги добиете уште денес. Начинот на живот со природна храна и Vitamix®, можат ведаш да ги обезбедат овие чудотворни нутритиенти за борба против болестите.

 


 

ЈаболкоВкус

Сол, шеќер, сируп од пченка со висока количина на фруктоза, делумно хидрогенизирани масла... Овие се неколку од омилените состојки во пакуваната, обработена храна. Кому му требаат? Верувајте, вам не ви се потребни! Но, најдобриот дел е ова што следува, кога еднаш ќе се откажете и ќе се свртите кон природни оброци направени во Vitamix® машината, никогаш повеќе нема да ви недостигаат состојките од пакуваната храна!

Откако ќе го робате вкусот и вие ќе поверувате, затоа што со Vitamix® обработката целосно се раскинуваат клеточните ѕидови на природната храна, па свежиот вкус ви е достапен како никогаш порано. Vitamix® свежиот пијалак со зрнести плодови има прекрасен вкус и природна благост, па не му е потребен дополнителен шеќер. Vitamix® сечилата се оние кои со помош на моќниот мотор со 2 коњски сили можат да ви ги обезбедат нутритиентите во вкусна и здрава форма!

 


 

Модар патлиџанСлобода

Знаете сѐ за придобивките од природната исхрана. Но дали знаете дека еден моќен уред подготвува толку вкусни и лесни рецепти за неколку минути... и дека овие рецепти се многу повкусни и похранливи отколку што можете да си замислите... и дека ја имаат моќта да ви го продолжат, па дури и да ви го спасат животот? Тоа е вистина. Со Vitamix® машината во вашата кујна, ќе ја откриете здравата, евтина алтернатива на скапата здравствена грижа, а тоа е живот без никакви лекови.

Освен тоа има уште, вашата Vitamix® машина гарантирано е подеднакво силна како и ветувањето за подготвување на природната храна како никогаш порано, и тоа во текот на цели 7 години гаранција за беспрекорни перформанси. Сѐ додека е под гаранција, ако некогаш нешто и се случи на машината за време на нормална, домашна употреба, Vitamix® ќе ја поправи, и тоа сосема бесплатно.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator