6 Причини зошто диетите се неефикасни

1.    Диетите всушност ги прават дебелите клетки уште подебели.

Обидувајќи се да ја изгладнете дебелата клетка, само ја зголемувате нејзината способност да складира масти, да зема нови масти и да ги мултиплицира. Дебелите клетки одговараат на изгладнувањето со задржување на мастите кои веќе ги имаат и стануваат поагресивни во земањето на нови масти кога диетата ќе заврши.

На пример, кога ќе го прескокнете појадокот, вашиот желудник кркори и праќа порака до вашето тело дека е прегладнет и веднаш почнува да складира масти за идна употреба.

Решението на Vitamix®: Редовните оброци и здравите ужинки со растителни влакна од природната храна, се дел од начинот на живеење со Vitamix®.

Доколку не појадувате, започнете уште утре! Појадокот ве снабдува со хранливи материи потребни за хранење на вашиот мозок, па така, цело утро ќе функционирате подобро. Изберете го Vitamix® домашниот леб од интегрално брашно или брз и лесен природен сок, и појадокот ќе биде и хранлив и вкусен во исто време. Природната храна е богата со растителни влакна кои го намалуваат апетитот, со што ви помага да го започнете денот заситени, а сепак да ги губите килограмите. Причината поради која се чувствувате заситени се растителните влакна, кои му овозможуваат на телото прехранбените масти да ги претвори во гликоген, што ви кажува дека повеќе не сте гладни. Бонусот е тоа што гликогенот не само што ви помага да се чувствувате заситени додека јадете помалку масти, туку исто така, го зголемува и согорувањето на мастите.

 

2.    Диетите кои го ограничуваат внесувањето на нутритиенти го нарушуваат метаболизмот

Кога сте на многу нискокалорична диета, ризикувате да го лишите вашето тело од значајните нутритиенти. Ова може да повлече комплексна верижна реакција, која најпосле ќе му каже на вашиот метаболизам да престане да согорува толку многу калории. Тогаш, кога ќе започнете повторно да јадете нормално, на вашиот метаболизам ќе му треба подолго време за да се врати на истата брзина. Во меѓувреме, ќе започнете да добивате килограми - честопати и повеќе од тие што на почетокот сте ги изгубиле.

Начинот на живот со Vitamix® е со вкусна, здрава храна која на вашето тело му ги дава потребните нутритиенти за тоа да функционира ефикасно.

Природната храна подготвена во Vitamix® машината, обезбедува максимална хранливост и постојано го одржува согорувањето на метаболизмот. Оваа хранливост ќе ви помогне да се изборите со инфекциите, да ја подобрите меморијата, да го намалите ризикот од удар и да ја победите болеста, додека во исто време ви помага да ја намалите телесната тежина. Не чекајте повеќе.

 

3.    Повеќето диети бараат премногу промени во навиките за јадење.

Бихејвиористите веруваат дека се потребни 30 до 40 дена на повторување, за човечкиот мозок да совлада нова навика. Новите „диети“ често изискуваат да научите многубројни правила и прописи и да ги запишувате резултатите на различни графикони и табели, како врв на промената на вашата исхрана. Обидите да направите премногу промени во вашите прехранбени навики, во еден момент може да го преоптоварат мозокот и да ви гарантираат неуспех.

Решението на Vitamix®: Начинот на живот со Vitamix® ви помага постепено да ги применувате новите здрави навики - и да ги задржите за цел живот!

Најпрво, направете една или две промени во вашата исхрана. Посебно е лесно да започнете со правење на вкусен Vitamix® сок од природна храна за појадок или заменете го со ужинки богати со јаглехидрати. Кога еднаш ќе се навикнете на таа промена, вашиот мозок слободно ќе направи дополнителни измени во начинот на живот на кои ќе можете да се придржувате!

4.    Многу диети се засновани на здодевен вкус

Диетите кои ве принудуваат да јадете блуткава, непривлечна храна или невкусни милкшејкови, предизвикуваат да фантазирате за „забранетата храна“. Овие ментални слики создаваат копнеж кој предизвикува импулси кои ве мамат да размислувате како да ја задоволите вашата глад. Неуспехот е практично загарантиран, затоа што здодевната храна не може да се мери со моќта на вашата фантазија!

Решението на Vitamix®: Vitamix® ги задоволува вашите рецептори за вкус со хранливи и вкусни варијации на вашата омилена храна.

Vitamix® готвачот – Рецепти од природна храна за подобар живот, вклучува 26 рецепти за природни овошни свежи пијалаци, повеќе од 41 рецепт за вкусни супи, скоро 46 вкусни сосови, како и 20 вкусни нискокалорични смрзнати десерти. Исто така, ќе добиете 48 фантастични рецепти за природни сокови, плус салси, пудинзи - листата продолжува понатаму и понатаму!

И вашиот Vitamix® Супер 5000 е со дополнителен готвач - Цели зрна, пополнет со скоро 50 начини да уживате во одличниот вкус на хранливите цели зрна. Vitamix® оброците од природна храна ви даваат моќен арсенал на вкусна, нискокалорична и храна со ниска количина на шеќер, за да ви помогне да уживате во процесот на достигнување на вашата идеална тежина.

 

5.    Високата цена на диетите може да ве обесхрабри повеќе од сѐ.

Многу популарни диети вклучуваат долги листи на тоа што треба и што не треба да јадете, вклучувајќи и храна која ја нема во супермаркетите. Значи, плаќате за да бидете на диета и плаќате висока цена за специјални видови храна кои се рекламираат како „магични“ за брзо губење на телесната тежина, но ретко се постигнува посакуваниот ефект!

Решението на Vitamix®: Начинот на живот со Vitamix® се базира на исхрана со сурова, природна храна, па така може да ја броите заштедата заедно со калориите! Со Vitamix® - начинот на живот не вклучува листа на специјална храна, комплексни формули и табели. Сѐ што ви треба се неколку минути и свежо овошје, зеленчук и цели зрна.

„Магијата“ на сурова, природна храна е тоа што може да јадете сѐ што сакате, а сепак да губите килограми. Кога јадете висококалорична, масна храна, вие сте ризикувате да продложите да јадете повеќе и повеќе, затоа што со мастите не можете да се почувствувате сити. Меѓутоа, природната храна е богата со растителни влакна кои нѐ заситуваат и наскоро престануваме да јадеме. Тоа е убавината на начинот на живот со Vitamix®!

 

6.    Желбата за да изгубите тежина ДЕНЕС е нереалистична.

Кога не ги добивате посакуваните резултати, лесно може да се обесхрабрите и да се откажете. Мотивацијата се губи кога вашата цел е насочена само кон крајниот резултат, а не кон добра стратегија.

Решение на Vitamix®: Vitamix® ви помага да си поставите реални цели - како замена на омилената „забранета храна“ со здрава алтернатива.

Како што вметнувате здрави промени во вашата дневна рутина, позитивните резултати ќе следат постепено, но неизбежно. Промената кон нов начин на живот со Vitamix® ќе даде позитивни резултати. Зголемувањето на внесувањето природна храна, елиминирање на шеќерот и намалување на мастите, ќе ви обезбеди повеќе енергија и засилен имунолошки систем. Исто така, ќе изгубите тежина со темпо кое му одговара на вашето тело. Најдобриот дел е тоа што вашиот нов начин на живот со Vitamix® ќе ви помогне успешно да ја задржите идеалната тежина.

Share/Save/Bookmark

12 чекори до сурова храна - Викторија БутенкоЗелено за здравје - Викторија Бутенко

Нарачајте ONLINE

Со секој Vitamix подарок престилка

Vitamix црвена престилка

banner-brochure

Бидете информирани

...Бесплатни новости и информации на Вашата е-пошта

Прочитајте

bmi_calculator