Some like it raw

  • Карамел прелив
  • Жива баклава
  • Сирење од индиски ореви
  • Сарма
  • Тарт со маринирани печурки и сос
  • Карамел прелив
  • Жива баклава
  • Сирење од индиски ореви
  • Сарма
  • Тарт со маринирани печурки и сос

Цикорија во црвено

Објавено во Зелени кашести сокови.

Цикорија во црвено

 

Потребни состојки:

  • 4-5 излупени црвени портокали
  • 200 гр цикорија
  • 1 банана
  • 1 јаболка ( црвен делишес)
  • 10 - 15 урми или додадете засладувач според ваш вкус
  • 1 лажица пченична треба ( по избор)

Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.

Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.

Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со xранливост.

Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.

Print Friendly and PDF