
Потребни состојки:
- 10 листа блитва
- 10 листа спанаќ
- 5 листа марула
- 1 китка магдонос
- 5 урми (излупени и без семка)
- 1-2 банани (излупени)
- 2 зрели јапонски јаболки (излупени)
Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).
Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.
Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.
Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со xранливост.
Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.





















