Цреши-Ананас-Зелен кашест сок

Потребни состојки:

  • 1/2 ананас
  • 200 грама цреши (без семки, може и смрзнати)
  • 20 листа спанаќ
  • 10 листа блитва
  • 5-6 урми (излупени и без семка) или 1 лажица мед

Се ставаат сите намирници во садот за влажна обработка и се дополнува со вода до максимално дозволената граница од 2L (изгравирана на контејнерот).

Најпрво Vitamix-от се вклучува на ON, а потоа кружното копче постепено се поместува од 1 до 10, и на крај се вклучува на турбо брзина во времетраење од 60 секунди.

Ако сакате сокот да биде ладен, ставете 5-10 коцки мраз во садот пред да го вклучите апаратот.

Послужете веднаш и уживајте во прекрасниот вкус исполнет со xранливост.

Со оваа количина намирници и вода, ќе добиете 2L зелен сок, а доколку сакате да направите помала количина, соодветно намалете ја количината на намирници и водата. За најдобар вкус и густина, најдобро е водата да го облие нивото на намирниците кои се ставени во садот.